2 јули 2020

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Треба да бидеме внимателни со какви било промени кај Данокот на додадена вредност. Ако се носи каква било одлука за промена на овој данок како евентуална антикризна мерка тоа би било по детална анализа и врз основа на факти и издржано и без да наштети на економијата, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа потсети дека уште пред здравствената криза се почнати анализи во Министерството за финансии и оти треба да има промени во делот на повластените даночни стапки, затоа што има нелогичности.

Вашингтон, 2 јули 2020 (МИА) – Лабораторијата за дигитално форензичко истражување на Атланскиот совет (ДФРЛаб), која работи на откривање на ширењето дезинформации преку Интернет, соопшти дека нејзините истражувачи утврдиле десетици страници на Фејсбук, поврзани со најмалку 10 македонски медиумски сајтови, кои манифестираат „некои карактеристики што укажуваат на координирана активност, вклучително и речиси истовремено објавување на идентични содржини“, објави „Балкан Инсјат“.

Додека некои од овие страници на „Фејсбук“ ги потврдуваат нивните врски со изворите чии содржини ги пренесуваат, постојат и такви за кои нема видлива поврзаност.

Скопје, 2 јули 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров, по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка од страна на Европската комисија вчера во Советот на ЕУ, се огласи на Фејсбук.

-Зоран, за еден од големите предизвици на кои работевме заедно последниве три години ми рече: „Колку се поголеми пречките, толку поголема ќе биде радоста за успехот кога ќе ги надминеме!” Одиме напред!“, напиша Димитров на Фејсбук.

Софија, 2 јули 2020 (МИА) – Истражувачки тим од Институтот за роботика при Бугарската академија на науки (БАС) разви UVC робот за дезинфекција кој може да се користи против ширење на новиот коронавирус, соопшти денеска БАС.

Роботот користи UVC дезинфекциска технологија и може да се користи во простории, на кои им е потребна ефективна дезинфекција на подови и површини, вклучувајќи куќи, здравствени установи и други јавни простори.

Берлин, 2 јули 2020 (МИА) – Студија спроведена во Германија се изразува сомнеж дека лицата заразени со новиот коронавирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување.

Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19.

Женева, 2 јули 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека во јуни се регистрирани дури 60 отсто од вкупно 10-те милиони заразени со коронавирус во светот, што, предупредува таа, покажува дека епидемијата се влошува, а не слабее.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, изјави дека секој ден има по 160.000 нови случаи и ги повика сите држави да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close