2 јули 2020

Софија, 2 јули 2020 (МИА) – Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој во изјава за бугарското радио „Фокус“ вели дека постои тешка и комплексна дебата за суштинските вредности и за тоа каде македонските политичари сакаат да ја видат својата земја.

Лос Анџелес, 2 јули 2020 (МИА) – Основачот на компаниите Тесла и Спејс-Икс – Илон Маск продава четири од своите недвижни имоти во Лос Анџелес. Вкупната цена е 62,5 милиони долари.

Американските медиуми претходно објавија дека Маск го продава имотот во елитната населба Бел Ер, и тоа за 29 милиони долари. Првичните информации говорат дека Маск договорил продажба на куќата на градежната компанија Ел-ел-си – сопственост на Арди Тавангаријан.

Њујорк, 2 јули 2020 (МИА) – Твитер отстрани фотографија објавена од американскиот претседател Доналд Трамп откако весникот „Њујорк Тајмс“ се пожали дека со тоа им го повредил авторското право врз сликата.

Трамп во свој твит од 30 јуни објави фотографија со коментарот „тие не ме бараат мене, туку тебе, а јас сум им на патот“.

„Њујорк Тајмс“ се пожали на објавата бидејќи станува збор за фотографија направена од фотографот на нивниот весник во 2015 година, пренесуваат британските медиуми.

Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Најмалку 50 рудари загинаа денеска во свлечиште во рудник за жад во северен Мјанмар, соопштија властите.
Се претпоставува дека има повеќе настрадани, но дека тие се затрупани, пренесува Би-Би-Си.
Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови.

Лондон, 2 јули 2020 (МИА) – Споменикот на поранешниот лидер на Етиопија, Хајле Селасие, кој е лоциран во паркот во Вимблдон, е уништен, соопшти денеска лондонската полиција.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го истражува случајот.

Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со убиството на популарниот етиописки пејач Хачалу Хундес. Тој е убиен на почетокот од недела, а поради неговата смрт во Етиопија беа организирани протести, при што се приведени 81 лице.

Вашингтон, 2 јули 2020 (МИА) – Демократскиот кандидат за Белата куќа Џо Бајден го критикуваше однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со кризата во Хонг Конг, каде Пекинг воведе закон за национална безбедност, ветувајќи дека ќе го заостри ставот на САД во однос на кршењето на човековите права доколку победи на изборите.
– Претседателот Трамп повеќе пати се одрекуваше од нашите вредности и ги уверува кинеските автократи дека имаат некој во Белата куќа кој мисли како нив. Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен, јасен и доследен во одбраната на нашите вредности, рече Бајден.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close