МИА ФлешПакети

МИА Флеш

29 јуни 2020

29 јуни 2020

Барселона, 29 јуни 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, во новата сезона ќе настапува за Барселона. Тој потпиша договор со каталонскиот клуб, објави „Goal“.

Се очекува трансферот да биде официјализиран во текот на денешниот ден.

Во замена за Пјаниќ, Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Барселона, Артур, кој според италијанските медиуми, потпишал договор со клубот од Торино до 2025 година. Исто така, Каталонците ќе платат 10 милиони евра.

Исламабад, 29 јуни 2020 (МИА) – Вооружени напаѓачи денеска упаднаа во зградата на Пакистанската берза во Карачи и убија најмалку две лица.
Напаѓачите влегоа во зградата откако пред главниот влез фрлија граната.
Според очевидци, убиени се неколку напаѓачи.

Тајпеј, 29 јуни 2020 (МИА) – Во Парламентот на Тајван денеска се случи тепачка кога членовите на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) влегоа во салата која во текот на ноќта беше опколена од членовите на најголемата опозициска Кинеска националистичка партија (КМТ), во знак на протест против „владината тиранија“.

Повеќе од 20 пратеници на КМТ ја окупираа собраниската сала во текот на ноќта и го блокираа влезот со столови, велејќи дека владата се обидува да изврши притисок преку законите и побараа претседателот Цаи Инг-вен да ја повлече номинацијата на блиската соработничка Чен Чу за шеф на владиното надзорно тело.

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери смета дека предрасудата дека Албанец како приоритет ќе ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи, како што вели, многу од тие прашања се апсорбирани.

-Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 отсто од тие прашања, се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку, пред сè, за земјата, пред сè, за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели во интервјуто за Слободна ТВ, Зибери.

Вашингтон, 29 јуни 2020 (МИА) – Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук изјави дека ембаргото за оружје мора да остане во сила за „насилните режими“ и „терористички организации“ ширум светот не би почнале да купуваат оружје од Техеран.

Тој додаде и дека светот треба да ги игнорира заканите од Иран со одмазда ако биде продолжено ембаргото на оружје кон Иран, што истекува на 18 октомври.

Хук таквите закани ги нарече „мафијашка тактика“.

Back to top button
Close
Close