МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

Дебар, 26 јуни 2020 (МИА) – На двата гранични премина, на македонско – албанската граница кај Дебар, од полноќ до 14:00 часот минале 274 патници.

Како што изјави за МИА портпаролот на Секторот за внтарешни работи од Охрид, Стефан Димоски, на граничниот премин „Блато“ поминале 254 лица, од нив за влез во државава 173 и тоа 22 македонски и 151 странски државјанин. За излез се регистрирани 81 патник, 35 македонски и 46 странски државјани. На Џепиште – Требиште, пак, поминале 20 патници, за влез 18 странски, а за излез двајца македонски државјани.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Од вкупно активни 3.284 случаи на заразени со Ковид -19 во земјава, 1.862 се во Скопје. Откако пред околу две недели драстично почна да се зголемува бројот на новодијагностицирани од коронавирус во земјава, а со што беше прогласен и вториот пик на епидемијата, во Скопје се бележат највисоките бројки, најмногу во општина Чаир.

Од Министерството за здравство соопштија дека активни случаи по општини во Скопје заклучно со вчера се Чаир – 421, Аеродром – 143, Бутел – 139, Гази Баба – 149, Центар – 125, Карпош – 125, Сарај – 139, Кисела Вода – 107, Ѓорче Петров – 88, Студеничани – 95, Шуто Оризари – 76, Арачиново – 53, Илинден – 30, Петровец – 18, Чучер Сандево – 17, Сопиште – 12, Зелениково-2, странец – 3 и нераспределен-51 случај.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 163 заразени лица со Ковид-19, оздравени се 40 пациенти, а починаа три лица. Спроведени се 1.074 тестирања, соопштија од Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје, 70 лица, во Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

Софија, 26 јуни 2020 (МИА) – Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

– Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство, изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција.

Лисабон, 26 јуни 2020 (МИА) – Последните 3 кола од сегашното издание на Лигата на шампионите, кои треба да се одржат помеѓу 12 и 23 август во Лисабон, се под знак прашалник поради новото избувнување на епидемијата на коронавирус во португалската престолнина.

Владата го врати карантинот за повеќето делови од таканаречениот „Голем Лисабон“. Мерката е потребна заради вознемирувачкиот бран на нови случаи на позитивни тестови во предградијата на градот.

Париз, 26 јуни 2020 (МИА) – Француската фармацевтска група „Санофи“ денеска најави дека планира укинување на 1.700 работни места во Европа, од кои илјада во Франција, јави дописникот на МИА.

Според Оливие Богилом, претседател на Санофи-Франција, тоа се совпаѓа со новата стратегија на групата, а не со социјален план поврзан со последиците од Ковид-19.

Планот за заминување од работните места им беше претставен на европските социјални партнери, тој се однесува на 25.000 соработници во Франција од 100.000 колку што ги има во светот. Во декември, групата најави дека сака да ги рационализира трошоците, со цел да заштеди две милијарди евра до 2022 година, посебно со запирање на научните испитувања за дијабетот, како и за кардиоваскуларните заболувања.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close