МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Полицијата во Лондон синоќа повторно беше нападната кога се обидела да ги растера учесниците во нелегална улична забава во Нотинг Хил.

Претходната вечер што беа повредени 22 полицајци во Брикстон кои се обиделе да растераат околу 400 луѓе кои присуствувале на недозволена музичка манифестација.

Во Англија се уште се во сила превентивните мерки со кои е забрането собирање на поголем број луѓе, поради што таквите настани се сметаат за нелегални.

Делчево, 26 јуни 2020 (МИА) – Првиот ден од отворањето на границите, на граничниот премин Делчево, минува без поголема сообраќајна фреквенција. Од утрово, како што информираат надлежните, непречено функционира товарниот сообраќај, додека патничкиот сообраќај е релативно слаб.
-На нашиот граничен премин е релативно мирно. Непречено функционира товарниот сообраќај, додека движење и поминување на границата со патнички автомобили речиси и да нема, велат од Граничниот премин Делчево.
Оттаму додаваат дека најчесто границата се поминува транзит и од страна на студенти кои учат на факултетите во Бугарија.

Инглвуд, 26 јуни 2020 (МИА) – Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери донираше 1 милион долари за создавање нова фондација, како дел од иницијативите за зголемување на разновидноста во спортот. Формула 1 во соопштението објави дека фондацијата главно ќе ги финансира практикантските практики на нови вработени и пилоти.

– Целосно признаваме дека Формула 1 треба да биде поразновидна. Додека ја поставивме нашата стратегија за подобрување на позицијата на нашиот спорт минатата година, сфативме дека сакаме да направиме повеќе. Затоа ќе формираме работна група за да ги слушаме вистинските иницијативи за зголемување на разновидноста во Формула 1. Сакаме да им обезбедиме на луѓето од сите средини, да им пружиме најдобра шанса да работат во Формула 1, без оглед на полот, етничката припадност, сексуалноста. ориентација или физичка способност, вели Кери.

Тетово, 26 јуни 2020 (МИА) – Граничниот премин Јажинце кон Република Косово од ноќеска на полноќ е подготвен за работа, но нема преминувања на границата со оглед на тоа што не не функционира косовскиот премин. Поради тоа и луѓе кои со возила сакале да заминат за Косово биле вратените од полицијата на преминот.

– Ние сме подготвени за работа но нема преминувања затоа што колегите од граничниот премин Глобочица не информираа дека нивниот граничен премин ќе почне да функционира од 28 јуни. Имаше четири возила кои досега сакаа да влезат на територија на Косово преку граничен премин Јажинце, но поради состојбата и известувањето од косовска старна беа вратени од нашите службеници, изјави Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.

Париз, 26 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот бразилски интернационалец Кака смета дека неговиот сонародник Нејмар е на работ да биде прогласен за најдобар фудбалер на планетата.

По напуштањето на Барселона за Пари Сен Жермен, Неј Џуниор е почесто повреден или се вклучува во скандали, отколку да се развива.

Според Кака, сепак, триумфот во Лигата на шампионите би променил сè.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија (MEXT) ги повикува потенцијалните кандидати од Република Северна Македонија да се пријават за Истражувачка студентска програма и за Додипломска студентска програма.

Повикот за аплицирање на македонски и на албански јазик е достапен на веб-страницата на Јапонската амбасада во Скопје. Во повикот објавен и на веб-страницата на Министерството за образование и наука се наведени линковите каде што може да се добијат повеќе информации за начинот на пријавување за програмите.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Кинотеката соопшти дека добила донација од компанијата Алкалоид АД Скопје во форма на средства за одржување хигиена.

Во време на засилени мерки кои налагаат стриктно следење, меѓу друтото, и на протоколите за хигиена и дезинфекција, овој наш домашен фармако-хемиски гигант не заборави на институцијата која се грижи за нашето национално аудиовизулено наследство. Алкалоид и Кинотеката се стари пријатели. Нашата институиција во изминативе години повеќепати има добиено донации од Алкалоид во форма на производи или финансиски средства наменети за организација на проекции, настани и промоции, посочуваат од Кинотеката.

Back to top button
Close
Close