МИА ФлешПакети

МИА Флеш

26 јуни 2020

26 јуни 2020

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден го осуди актуелниот претседателот Доналд Трамп за неговите напори да го укине Обамакер, обвинувајќи ги републиканците за загрозување на достапноста до здравствената заштита на милиони Американци среде пандемијата на коронавирусот, пренесе Хина.

Во говорот во сојузната држава Пенсилванија, Бајден ја критикуваше администрацијата на Трамп за најавеното поднесување барање до Врховниот суд за прогласување за нелегален на Законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер.

Техеран, 26 јуни 2020 (МИА) – Во близина на воена база во источниот дел на Техеран се случи експлозија на гас, изјави претставник на иранското Министерство за одбрана Давуд Абди.

Тој наведе дека синоќешната експозија не ги оштетила воените објекти.

Лос Анџелес, 26 јуни 2020 (МИА) – Американското филмско студио „Ворнер Брос“ вторпат ја одложи долгоочекуваната премиера на филмот „Тенет“ на Кристофер Нолан, од 31 јули – на 12 август.

Поради пандемијата, прикажувањето првично беше закажано за 17 јули. Новото одлагање се случува во миг кога гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави дека при четвртата фаза на олабавување на ограничувањата за борба против коронавирусот, киносалите нема да бидат отворени.

Лисабон, 26 јуни 2020 (МИА) – Од 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада.

Жителите на одредените делови на Лисабон, меѓу кои и од строгиот центар на градот, ќе можат да излезат од домовите само за да купат неопходни производи и лекови и за да одат и да се вратат од работа.

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Ливерпул и Манчестер Сити поставуваат нови стандарди што другите тимови од Премиер лигата мора да ги следат, изјави менаџерот на „сините“, Френк Лампард по неговата победа од 2:1 над Пеп Гвардиола и Сити.

Токму тимот од Лондон ги направи „црвените“ од Мерсисајд шампиони во четвртокот вечер.

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА)– Редица кандидати за потписот на играчот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи. Според „ТФ1“, 21-годишниот Французин е во плановите за избор на Атлетико Мадрид, Барселона, Интер и ПСЖ.

„Топџиите“ имаат тенденција да се разделат со Гендузи, и покрај неговите неспорни квалитети. Причината е карактерот на фудбалерот, кој честопати се впушта во скандали.

Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) – Администрацијата на САД веќе подолго време подготвува план за преземање на европските компании „Ериксон“ и на „Нокиа“ од американски технолошки и телекомуникациски конзорциуми со цел вештачки да ја засили конкуренцијата со кинеската телекомуникациска корпорација „Хуавеј“, објави „Волстрит џурнал“.

Весникот наведува дека планот не е реализиран поради пандемијата со новиот коронавирус.

Ливерпул, 26 јуни 2020 (МИА) – Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, даде емотивна изјава неколку минути по освојувањето на титулата во Премиер лигата. Тимот од Мерсисајд стана недостижен на врвот откако актуелниот шампион Манчестер Сити загуби со 1:2 од Челси синоќа. Клоп даде интервју за „Скај Спортс“, во кое ја сподели свјата возбуда од триумфот. Германскиот стратег се придружи од хотел во Ливерпул, облечен во дрес на „црвените“ и за време на разговорот плачеше од среќа.

 

Back to top button
Close
Close