МИА ФлешПакети

МИА Флеш

25 јуни 2020

25 јуни 2020

Лос Анџелес, 25 јуни 2020 (МИА) – Пејачката и глумица Мајли Сајрус, која, пред само неколку години се фалеше дека „секогаш е ’надувана‘,“ сега тврди дека веќе шест месеци е без алкохол и дрога.

Таа кон крајот на минатата година беше подложена на операција на гласните жици. Тогаш таа ги оставила пороците настрана, но и решила така да остане…

Стокхолм, 25 јуни 2020 (МИА) – Повеќе од 500 личности и организации денеска предупредија на „заканата“ од „одредени влади“ и нивното загрозување на демократијата за време на здраствената криза и епидемијата со Ковид-19.

Помеѓу потписниците на отвореното писмо се добитничката на Нобелова награда за литература Светлана Алексијевич, францускито писател Бернар-Анри Леви, американскиот актер и добитник на Нобелова награда за мир Ричард Гир, поранешниот полски претседател Лех Валенса и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт.

Лондон, 25 јуни 2020 (МИА) – Лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Ливерпул кој синоќа го совлада Кристал Палас (4:1) во натпреварот од 31. коло, го дели само еден чекор од шампионскиот трофеј.

Тимот на Јирген Клоп сега има 86 бода, додека актуелниот првак Манчестер сити е втор со 63 бода.

Според ова, Ливерпул уште вечер може да стане шампион, доколку Сити не го победи Челзи. Во случај „граѓаните“ да ги освојат трите бода во Лондон, Ливерпул титулата ќе има шанси да ја освои токму на теренот на Манчестер сити на 2 јули за кога е закажан нивниот дуел од 32. коло.

Неготино, 25 јуни 2020 (МИА) – Винари да не манипулираат со откупни цени и плаќање за грозјето од годинашнава реколта, апелираат од „Напредни лозари”. На состанок на Управниот одбор што се одржа синоќа, регионалното Здружение донесе неколку заклучоци.

-Бараме да се утврди задолжителна минимална заштитена цена за килограм грозје. Ако винарии повторно манипулираат со нас како и претходните години, да се организираат средби со амбасадори во нашата земја, со кои би се разговарало околу можноста за извоз на нашето грозје, истакнаа присутните на состанокот.

Хјустон, 25 јуни 2020 (МИА) – Дури 97 отсто од 1.330 кревети за интензивна нега во Медицинскиот центар во Хјустон, Тексас се зафатени со пациенти, објавија локалните власти.

Хјустон е епицентарот на ширењето на новиот коронавирус во Тексас. Државата објави рекорден број случаи на заразени од коронавирус во последните 24 часа, соопшти државниот оддел за здравство. До синоќа според медицинскиот комплекс, биле зафатени 1.298 кревети на интензивна нега. До крајот на денот се чекува целосно да бидат зафатени тие кревети, јавија локалните медиуми.

 

Back to top button
Close
Close