МИА ФлешПакети

МИА Флеш

24 јуни 2020

24 јуни 2020

Љубљана, 24 јуни 2020 (МИА) – Локалните власти во Љубљана со специјални понуди за домашните туристи ќе се обидат да ја спасат летната туристичка сезона погодена од епидемијата на коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, градот подготви дводневни понуди за домашните туристи со цел да дојдат во главниот град на Словенија и на тој начин да го ублажат големиот пад во секторот угостителство и сместување.

Тирана,24 јуни 2020(МИА) – По тримесечен прекин,условен од пандемијата со Ковид-19, од денеска албанските власти дозволија воспоставување на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз.

На сите фирми кои обавуваат јавез превоз на патници им е дозволено да работат според безбедносниот протокол, со кои се обврзуваат употреба на капацитет до 70 отсто, како и дијагонално седење на патниците, кои задолжително треба да носат маски.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа за македонските граѓани. Уверени сме дека во втората половина на годината, нашите тимови ќе започнат со конкретната работа врз поглавјата односно кластерите на законодавството на ЕУ, како што е според новата методологија за водење на преговорите, порача министерот за надворешни рабиоти Никола Димитров на денешниот видео состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Министерството за здравство преку соопштение целосно ги демантира и смета дека се невистинити објавените написи во врска со тоа дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите.

На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Кавадарци, 24 јуни 2020 (МИА) – Минимум 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 за „вранец”, плус дополнителни субвенции од државата, бара регионалното Здружение „Напредни лозари” од Кавадарци кое ги застапува лозаропроизводителите од Тиквешкиот регион.

-Овие цени се однесуваат на 17 единици шеќер „смедеревка” и 19 малигани кај „вранец”. Како расте шеќерноста, така да растат и цените. Според досегашните сознанија од терен, годинава имаме добар и квалитетен род. Короната нé спречи малку во активностите, но сепак работиме на утврдување на потребите од грозје кај винарските визби и други откупувачи, а ги разгледуваме и можностите за извоз на грозје, велат од Здружението за МИА.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close