МИА ФлешПакети

МИА Флеш

24 јуни 2020

24 јуни 2020

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Ученичката компанија “Соундси” од Средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје.е победник на Националниот натпревар на најдобра ученичка компанија за годинава.

Оваа година на Националниот натпревар што трета година по ред го организира Џуниор Ачивмент Македонија, во рамките на програмата за ученички компании, се пријавија 25 ученички компании од 18 средни училишта од земјава.

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – За првпат од независноста на земјата имаме избори како земја-членка на НАТО и во очекување да ги почнеме претпристапните преговори со Европската Унија. Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и нашата евроатлантска перспектива, порачува претседателот Стево Пендаровски во изјавата по повод почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Лос Анџелес, 24 јуни 2020 (МИА) – Повеќе од 300 црномурести глумци и продуценти, меѓу коишто и Идрис Елба, Квин Латифа и Били Портер, вчера побараа од Холивуд – наместо во полициски содржини и во полицијата, да вложи во антирасизмот.

Во отворено писмо, потписниците повикаа да се стави крај на величењето на полициското насилство. Тоа е објавено од групата „Холивуд за животите на црнците“, за време на судирите во САД поради масовните протести против полициската бруталност и системскиот расизам.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе направат увид во градежните работи за обнова на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин.
Пред Спасовски и Сугарески ќе бидат претставени тековните градежни активности на делницата во должина од 16,64 километри, со ширина од седум до 10 метри.

Истанбул, 24 јуни 2020 (МИА) – Силно невреме го погоди вчера Истанбул проследено со пороен дожд, грмотевици и торнада, јавија турските медиуми.

Во невремето загина Сириец на возраст од околу 30 години.

Истанбулската метеоролошка служба предупреди со жолт код за очекуваното лошо време во метрополата. Во населбата Бешикташ, многу автомобили останаа потопени до половина. Плоштадите и улиците се претворија во реки. Во областа на Босфорот и околината, дождот се претвори во град.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close