МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 јуни 2020

22 јуни 2020

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според најновата одлука на РКЕ, во следните седум дена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 52 ден/лит.

Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.

Париз, 22 јуни 2020 (МИА) – Два споменика во Париз поврзани со француската колонијална ера денеска се исфарбани со црвена боја.

Едниот споменик е на Ибер Лиоте, кој служеше во Мароко, Алжир, Мадагаскар и Индокина додека беа под француска контрола, а за време на Првата светска војна беше француски министер за војна.

Другиот обоен споменик е на Волтер, водечки мислител на француското просветителство, кој дел од богатството го стекна со трговија.

Кавадарци, 22 јуни 2020 (МИА) – Додека полициските службеници од Полициската станица Кавадарци вчера вршеле служба на улицата „Тиквешко востание“ во Кавадарци, Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска соопшти дека лицето било приведено во Полициската станица.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесувала 25.830 денари и споредено со нето-платата во април лани е зголемена за 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на повисоката просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12 проценти), Други услужни дејности (6,9 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,4 проценти).

Лос Анџелес, 22 јуни 2020 (МИА) – Кампањата „Глобална цел: Обединети за нашата иднина“, започната од Европската комисија и меѓународната организација „Граѓани на светот“ на 28 мај, ќе заврши со голем концерт, но и со самит на 27 јуни годинава, поточно в сабота.

Глумецот Двејн Џонсон ќе биде водител концертот, а на него од дома ќе настапат Шакира, Колдплеј, Ашер, Џенифер Хадсон, Џастин Бибер и други поп-ѕвезди и бендови од светската сцена. На сцената ќе се појават фудбалерот Дејвид Бекам, глумците Крис Рок, Форест Витакер, Салма Хајек, Шарлиз Терон, Били Портер и други.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Дигиталниот форум одржа состанок на кој беше претставена Уредбата за доделување ваучери на млади лица до 29 години за обуки за дигитални вештини. Ова независно тело е надлежно за селекција на правните лица кои ќе се пријават, како и обуките што ќе се понудат.

-Со членовите на форумот разговаравме за следните чекори за пријавување и селекција на правните лица кои ќе нудат обуки, за критериумите и кои се потребите на пазарот на трудот, напиша министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски во објава на својот профил на Фејсбук.

Back to top button
Close
Close