МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 јуни 2020

22 јуни 2020

Картум 22 јуни 2020 (МИА) – Судан предупреди за евентуална ескалација на спорот околу етиопската изградба на мегабраната на Нил, што е извор на жестоки регионални тензии.

Тензиите се зголемуваат меѓу Судан, Етиопија и Египет по неуспешните преговори за полнење на резервоарите и пуштањето во употреба на Големата брана.

Етиопија сака да почне со полнење на резервоарот во јули, со или без договор со две други земји.

Белград, 22 јуни 2020 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одби да се тестира за коронавирус во Хрватска. Претходно, Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот во Задар и беше во близок контакт со него, објави дека се заразил, информираа некои српски медиуми.

Ѓоковиќ не сака да се тестира, затоа што се чувствува добро и не доживува симптоми, а истото сеоднесува и за другите лица од неговиот тим и околината.

Париз, 22 јуни 2020 (МИА) – По точно 99 дена киносалите во Франција повторно се отворени – првата проекција беше организирана синоќа минута по полноќ во киното Комартан во Париз, јави дописникот на МИА.

Сто и дваесет „кинофили“ се најдоа во 00:01 во киното Комартан во квартот Сант Лазар во Париз за да го одбележат отворањето на кино салите, пропратено со силен аплауз. Првиот прикажан филм е францускиот филм „Парферми“ од Грегори Мањ.

Сан Себастијан, 22 јуни 2020 (МИА) – Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се искачи на првото место на вечната листа во Ла Лига по постигнати голови кога станува збор за одбранбени фудбалери.

Рамос синоќа од пенал го постигна првиот гол за Реал во победата над Реал Сосиедад со 2:1.

За капитенот на „кралевите“ ова беше 68 погодок поминувајќи го Роналд Куман кој своевремено стигна до 67 гола во Ла Лига.

Њујорк, 22 јуни 2020 (МИА) – Американскиот природонаучен музеј Њујорк ќе ја отстрани од пред влезот статуата на Теодор Рузвелт, по забелешките што беа дадени низ годините заради симболизирање колонијализам и расната дискриминација, објави градоначалникот Бил де Блазио.

Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез во Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староселедец и Африканец. Рузвелт е 26 американски претседател.

Париз, 22 јуни 2020 (МИА) – Десет деца на француски џихадисти, кои се наоѓаат во кампови за раселени лица под курдска контрола во Сирија, се вратени во Франција, се наведува во соопштение на Министерството за надворешни работи во Париз.

Ова се „малолетни лица, сирачиња или хуманитарни случаи“, се вели во соопштението на Министерството. Не е соопштено како децата ја напуштиле Сирија или каде точно влегле во Франција.

Пекинг, 22 јуни 2020 (МИА) – Во Кина се регистрирани 18 новозаразени со Ковид-19, од кои девет во Пекинг, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.

Додека вчера во Кина потврдени се 26 нови случаи, од кои 22 во Пекинг.

Пекинг во кој живеат повеќе од 20 милиони жители, на 11 јуни го пријави првиот инфициран со новиот коронавирус во вториот бран на епидемијата. Новиот бран на инфекцијата е поврзан со пазарот во југозападен Пекинг, а до сега се заразаени 236 луѓе.

Хаг, 22 јуни 2020 (МИА) –  Властите во Хаг приведоа околу 400 луѓе кои протестираат против мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Мирниот протест ескалираше во насилство по пристигнувањето на десетици фудбалски навивачи кои се судрија со полицијата во близина на централната железничка станица. Полицијата користеше водени топови за да ја растера толпата која грлала со камења, јавија локални медиуми.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close