МИА ФлешПакети

МИА Флеш

19 јуни 2020

19 јуни 2020

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи“.

Јавниот обвинител му предложи на судот да изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност на физичкото лице, како и казна од 100.000 денари за обвинетото правно лице.​

Виена, 19 јуни 2020 (МИА) – Вардар 1961 ќе биде единствениот македонски претставник во ракометната Лига на шампиони, потврдија денеска од централата.

Еурофарм Пелистер не доби покана за настап во Лигата на шампионите иако очекуваше „вајлд карта“.

РК Металург и Еурофарм Пелистер следната сезона ќе се натпреваруваат во Европската лига.

Тетово, 19 јуни 2020 (МИА) -Тетовската полиција бележи два случаи на физички пресметки меѓу жени. Првиот се случил вчера околу 10 часот и 10 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги привеле 28-годишната К.Т. од Скопје и 36-годишната Н.М. од Штип, кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе им се изготват поднесоци, соопшти СВР Тетово.

Лос Анџелес, 19 јуни 2020 (МИА) – Новата колекција фустани на „Ејч-енд-Ем“ што е направена претежно од рециклирани и одржливи материјали, се сосредоточува на одржлива модна иднина, како што велат оттаму.

Така, дел од фустаните се направени цели од органски памук, целулозни влакна или рециклиран полиестер, а други – со мешан состав од најмалку 50 отсто удел на ткаенини добиени од одржливи извори.

Њујорк, 19 јуни 2020 (МИА) – Рестораните во Њујорк, во рамки на втората фаза од олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, од понеделник ќе можат да ги служат гостите на отворено, најави градоначалникот Бил де Бласио.

– Мораме да ја спасиме таа индустрија, таа е дел од нашиот идентитет, рече Де Бласио, проценувајќи дека 5.000 ресторани и вкупно 45.000 вработени повторно ќе почнат со работа од следната недела.

Париз, 19 јуни 2020 (МИА) – Францускиот државен секретар за европски прашања Амели де Монсалена денеска изјави дека не може да ја исклучи можноста за Брекзит без договор меѓу Брисел и Лондон, иако, како што истакна, постигнувањето на договорот првенствено е во интерес на Велика Британија.

Велика Британија, по три одложувања, на 31 јанари и официјално ја напушти ЕУ.

-На Британците договорот им е многу попотребен. По епидемијата, тие не можат да издржат уште еден шок и нема да имаат пристап до безбедносната мрежа што ја претставува Европа, ниту до фондот за поттикнување, рече Де Монтален во изјава за Радио Европа 1, мислејќи на економските последици од пандемијата.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close