МИА ФлешПакети

МИА Флеш

18 јуни 2020

18 јуни 2020

Токио, 18 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот јапонски министер за правда Катсуки Каваи и неговата сопруга, пратеничката Ани Каваи, се уапсени денеска под сомнение дека купувале изборни гласови.

Тие се осомничени дека за време на изборите за Голниот дом на јапонскиот Парламент во 2019 година на гласачите им понудиле милиони јени за да гласаат за Ана Каваи, која потоа и го освоила местото во законодавниот дом, пренесуваат британските медиуми.

Неапол, 18 јуни 2020 (МИА) – Наполи синоќа го победи Јувентус во финалето на Купот на Италија на пенали со 4:2. По крајот на натпреварот започнаа масовни прослави на улиците на Неапол.

Жителите на градот се собраа во големи групи, прегрнати и со песна до доцна во ноќта, занемарувајќи ги правилата за физичка дистанца, воведени поради пандемијата на коронавирус.

Вашингтон, 18 јуни 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат повторно економијата затоа што неколку сојузни држави соопштија за зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус.

– Нема да ја затвориме земјата повторно. Нема да мораме да го сториме тоа, рече Трамп во интервју за каналот Фокс њуз.

Манчестер, 18 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по синоќешниот пораз од Манчестер сити (0:3) во 28-то коло од шампионатот на Англија, рече дека уште од почетните минути работите тргнале во непосакуван правец.

– Сè тргна наопаку од првите минути. Прво се повреди Џака, потоа Пабло Мари, па примивме гол во судиското надополнување. Следуваше црвениот картон на Давид Луиз. Се надевам дека сите наши неуспеси се случија овде. Дали долгата пауза е причината за повредите? Ако беа мускулни повреди, можеби да. Но, не мислам така, изјави Артета.

Лос Анџелес, 18 јуни 2020 (МИА) – Глумeцoт Кијану Ривс ќе има средба, односно видеоразговор преку апликацијата „Зум“, со обожавателот кој ќе понуди најмногу пари за „Кем рејнбоу голд” – хуманитарна организација за деца заболени од рак.

„Го познавате. Го обожавате. Ова е навистина непроценлива можност да разговарате со него од дома“, се вели во описот. Наддавањето се затвора в понеделник, а датумот за разговор со Ривс е планиран за почетокот на јули.

Брисел, 18 јуни 2020 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбрег, ги поздрави иницијативите за продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово, како единствен начин за решение на проблемот.

„Го поздравувам фактот дека претставниците на Косово и Србија зборуваат, бидејќи единствениот начин да се решат предизвиците во регионот и несогласувањата за Косово е во разговорите за политичкото решение“, кажа тој.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close