МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 јуни 2020

11 јуни 2020

Братислава, 11 јуни 2020 (МИА) – Словачката полиција денеска соопшти дека убила напаѓач, кој на мета имал персонал во училиште на северот на земјата, и притоа тој убил едно лице.

Полицијата на својата страница на Фејсбук соопшти дека „ситуацијата сега е под контрола“.

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Бангкок, 11 јуни 2020 (МИА) – Суд во Тајланд осуди двајца сопственици на ресторан на 1.446 години казна затвор, поради измами околу нарачките на храна.

Апичарт Боворнбанчарак и Прапасорн Боворнбанчарак биле уапсени откако стотици луѓе се пожалиле на измама.

Вашингтон, 11 јуни 2020 (МИА) – Околу дваесет компании како Амазон, Епл, Фејсбук, Гугл и Мајкрософт, собрани во Тек коалиција (Tech Coalition), објавија денеска план за заедничка борба против сексуална злоупотреба на малолетни лица на Интернет.

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

Анкара, 11 јуни 2020 (МИА) – Турскиот Парламент денеска го одобри спорниот предлог-закон на Владата, со кој на членовите на цивилната гарда им се даваат речиси исти овластувања како и на полициските сили во земјата.

Предлог-законот е усвоен со поддршка на владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговиот сојузник, и покрај загриженоста на опозициските партии „дека со тој закон се даваат овластувања на недоволно квалификувани сили и дека ќе доведе до кршење на човековите права и дополнителна ерозија на слободите”.

Лос Анџелес, 11 јуни 2020 (МИА) – Читателите на списанието „Тотал гитар“ го прогласија Брајан Меј од британскиот бенд „Квин“ за најдобар гитарист во историјата.

– Останав без зборови! Навистина ме изненади ова прво место!, прокоментира Брајан Меј.

На топ-листата од анкетата, Џими Хендрикс е на второто место, а Џими Пејџ – трет.

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Државата стопроцентно ќе ги покрива придонесите на плата на вработените во медиумите и медиумските куќи, телевизиите, радиодифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали, информираа денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

 

Back to top button
Close
Close