4 јуни 2020

Вашингтон, 4 јуни 2020 (МИА) – Полицијата во Сан Франциско убие маж, осомничен за грабеж на аптека, претпоставувајќи дека имал пиштол, што подоцна се утврди дека не е точно.

Во соопштението од полицијата се наведува дека полицајците претпоставиле дека осомничениот на појас носи пиштол, а тој носел чекан.

Стокхолм, 4 јуни 2020 (МИА) – Се намалува довербата на Швеѓаните во способноста на Владата и Агенцијата за јавно здравје да реагираат на пандемијата на новиот коронавирус, во момент кога постои загриженост поради високата стапка на морталитет во земјата, покажуваат резултатите од денеска објавените истражувања на јавното мислење.

Првично, граѓаните ја поддржуваа одлуката да не се воведува карантин во Шведска, што не беше случај во многу европски земји, но претходните недели се заострија критиките поради високата стапка на смртност од коронавирус во Шведска во однос на другите нордиски земји, особено меѓу повозрасната популација.

Варшава, 4 јуни 2020 (МИА) – Поската полиција уапсила маж кој наводно му се заканувал со убиство на Рафал Трасковски, либералниот градоначалник на Варшава и кандидат за опозиција на претстојните претседателски избори, јави ДПА.

Мажот е уапсен откако, во телефонски повик до претседателската администрација, изјавил дека има намера да го убие Трасковски, изјави денеска портпаролот на полицијата.

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, посветено на електронското банкарство.

Народна банка ги изработува видеата со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Рим, 4 јуни 2020 (МИА) – Американската компанија „General American Capital Partners“ (GACP) ја разгледува можноста за купување на фудбалскиот клуб Рома, објави „Кориере дела Сера“.

Сопственикот на компанијата Џо ДаГроса внимателно ја следи состојбата.

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Потрошувачите по електронски пат да ги достават информациите за потрошена енергија до ЕВН, која е должна да изврши коригирање на фактурите, повика денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, по добиените реакции од граѓани за високи сметки за струја за месеците април и мај.

Податоците од своите броила, посочи тој, граѓаните може да ги достават до ЕВН преку Вајбер, преку електронската апликација, по обичен телефон и по електронска пошта.

Рим, 4 јуни 2020 (МИА) – Здравствените работници во Италија ќе можат бесплатно да ги посетат музеите во Ватикан како еден знак на благодарност за нивните напори во борбата против Ковид-19, соопшти Светата столица.

Оваа понуда за тура низ музеите, во која спаѓа и познатата Систинска капела, ќе стапи во сила од 8. до 13 јуни. Лекарите, медицинските сестри и други медицински лица, ќе можат бесплатно да ја видат и папската летна резиденција во Кастел Гандолфо, бесплатно, за време на викендите на 6. и 7 јуни и 13. и 14 јуни.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close