3 јуни 2020

Москва, 3 јуни 2020 (МИА) – Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го покани својот американски колега Марк Еспер да присуствува на воената парада во Москва на 24 јуни во чест на победата над нацистичка Германија, јави ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин на 26 мај во разговор со министерот Шојгу рече дека воената парада ќе се одржи на 24 јуни и појасни дека го одбрал тој датум затоа што на 24 јуни 1945 година на Црвениот плоштад била одржана „легендарна воена парада во чест на оние кои ги одбраниле Москва, Ленинград и Сталинград, ја ослободиле Европа и упаднале во нацистичкиот Берлин“.

Барселона, 3 јуни 2020 (МИА) – Евролигата преговара за спонзорство со рускиот енергетски гигант „Газпром“, објави турски „Хуриет“.

Претходно се дозна дека Евролигата и долгогодишниот партнер на елитното кошаркарско натпреварување „Туркиш ерлајнс“ ја прекинале соработката. Менаџментот на лигата започна да бара нов главен спонзор.

Париз, 3 јуни 2020 (МИА) – Француската жандармерија употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои синоќа палеа и кршеа во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Како што пренесуваат странските агенции, овие протести потсетуваат на масовните, насилни демонстрации што се случија во Париз, а потоа и во други француски градови, по повод смртта на Адам Траоре во полициски притвор во париското предградие на Бомо сир Уаз во 2016 година.

Љубљана, 3 јуни 2020 (МИА) – Словенија распореди повеќе од 1.000 дополнителни полицајци на границата со Хрватска, поради зголемениот прилив на мигранти по таканаречената балканска рута, изјави изјави заменик-директорот на полицијата Јоже Сеница.

– Зголемување на бројот на илегални мигранти на балканската рута е забележано во последните две седмици, рече Сеница.

Дортмун, 3 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд може да го пропушти натпреварот од 30. коло од Бундеслигата против Херта поради повреда на коленото, јавуваат германските медиуми.

Претходно, Норвежанецот не можеше да игра на дуелот со Падерборн (6:1).

Фудбалерот го пропушти последниот тимски тренинг. Тој веројатно има истегнување на внатрешниот латерален лигамент на коленото.

Женева, 3 јуни 2020 (МИА) – Најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот Ковид-19, се наведува во извештајот на меѓународната невладина организација Прес емблем кампањ – ПЕЦ (Press Emblem Campaign).
– Медиумските работници имаат важна улога во борбата против Ковид-19. Тие се оние кои ја информираат јавноста за ширењето на заразата. Многу од овие работници починаа поради недостиг на соодветна заштита додека работеа на терен, рече Блез Лемпен, шеф на ПЕЦ, чие седиште е во Женева.

Приштина, 3 јуни 2020 (МИА) – Собранието на Косово денеска ќе одржи вонредна седница, на која треба да се гласа за предлогот на кандидатот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти, за составот на новата Влада на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателството на Собранието одлучи да ја свика седницата за денеска во 11 часот, откако претходно, во понеделникот, Уставниот суд на Косово ја објави одлуката, со која се оцени како уставно доделувањето на мандатот на кандидатот за премиер од редовите на второрангираната партија од последните избори, ЛДК, од страна на претседателот на државата, Хашим Тачи.

Back to top button
Close
Close