29 мај 2020

Њу Делхи, 29 мај 2020 (МИА) – Индија по бројот на смртни случаи од последици од новиот коронавирус ја надмина Кина.

Според податоците на индиското Министерство за здравство во Индија од новиот коронавирус починале 4.706, додека во Кина нивниот број изнесува 4.638.

Со повеќе од 160.000 инфицирани луѓе, Индија по бројот на заразени ја надмина Кина пред неколку недели.

Иднија се во четвртата фаза на карантин, но се уште не се познати натамошните мерки, бидејќи според експертите врвот на епедимијата се уште не е достигнат и се очекува да биде во јуни или јули.

Приштина, 29 мај 2020 (МИА) – Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштението на Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово“.

Њујорк, 29 мај 2020 (МИА) – Сопственик на деловен простор на „Петтата авенија“ во Њујорк, ја тужи НБА за сума од 1,25 милиони долари.

Најсилната светска кошаркарска лига има закупено простории за својата официјална продавница, но по затворањето на „NBA Store“ поради пандемија на коронавирус пред 2 месеца, престана да се плаќа киријата.

Приштина, 29 мај 2020 (МИА) – Шефот на пратеничката група на Демократскит сојуз на Косово (ЛДК) Арбен Гаши изјави дека одлуката на Уставниот суд со која се прогласи за уставен указот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за премиер на кандидатот на ЛДК Авдулах Хоти, е исправна и очекувана, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешната изјава за телевизијата Клан Косова, Гаши рече дека мошне бргу ќе биде побарано закажување седница на Собранието за гласање за владата што ќе ја предложи Хоти и изрази уверување дека таа процедура ќе биде завршена пред наредниот понеделник.

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Оваа Ковид-19 криза донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech“ на панел со тема „Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката“.

Ангеловска, како што соопшти денеска Министерството за финансии, посочила дека дигиталниот е единствен начин за развој и за одење напред.

Приштина, 29 мај 2020 (МИА) – Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави синоќешната одлука на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото да го додели премиерскиот мандат на друга партија, доколку партијата што победила на изборите не може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за да формира влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Уставниот суд на Косово синоќа донесе одлука со која му даде право на претседателот на државата да го додели мандатот за формирање нова влада на второрангираната партија на парламентарните избори, откако на владата предводена од лидерот на партијата победничка на изборите, Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти, Собранието ѝ изгласа недоверба.

Вашингтон, 29 мај 2020 (МИА) – САД синоќа одобрија продажба на 84 ракети Патриот на Кувајт, во висина од околу 1,4 милијарди долари.

– Продажбата ќе придонесе за зголемена безбедност на главниот сојузник, кој не е член на НАТО и е важен фактор на политичката стабилност и економски напредок на Блиски Исток, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се посочува дека ракетите Патриот ПАЦ-3 „ќе ја зголемат способноста на Кувајт да одговори на актуелните и идни закани и да ја гарантира безбедноста на својата нафтена и гасна инфраструктура“, алудирајќи на нападите врз саудиските нафтени постројки во септември 2019 година, за што Вашингтон го обвини Иран.

Back to top button
Close
Close