28 мај 2020

Лондон, 28 мај 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон во текот на денот ќе ги претстави следните чекори за ублажување на вонредните мерки воведени поради пандемијата со новиот коронавирус. Новите мерки треба да стапат во сила на 1 јуни.

Атина, 28 мај 2020 (МИА) – Со специјална рамка во висина од околу 115 милиони евра, која содржи пет конкретни мерки, грчката Влада ќе ги поддржи авиопревозниците кои бележат загуби поради пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерствата за финансии, труд и социјални работи и инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение велат дека конкретниот сектор, што е директно поврзан со туризмот, а индиректно со други сектори на економијата (угостителство, забава, трговија во туристичките региони и слично) се однесува на 306 компании и 11.000 вработени.

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Основниот кривичен суд – Скопје , по однос на казнените налози издавани од скопското Обвинителство за непочитување на полицискиот час (кој траеше до 26 мај како превентивна мерка за заштита од КОВИД-19) досега имаа донесени пресуди за 723 лица, информираат за МИА од ОКС-Скопје.

Основното јавно обвинителство – Скопје, до нив доставило 621 казнени налог, против 751 лице. За донесените пресуди поднесени се приговори во 72 предмети од 102 лица и за нив се закажани расправи. Од досега сработенотo во Кривичен суд Скопје, седум предмети се правосилни, за осум обвинети.

Штип, 28 мај 2020 (МИА) – Како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и истраги посочи премиерот Оливер Спасовски по денешното тврдењето на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев дека неотстранувањето на посредничката улога на Агенцијата за национална безбедност при следењето на комуникациите, говори дека реформите во безбедносните слушни се само замајување на јавноста.

Спасовски смета дека ситуацијата во однос со следењето на комуникација е сосема јасна.

Тирана, 28 мај 2020 (МИА) – Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска им порача на албанските политички партии да ја завршат изборната реформа, што е еден од условите за почеток на преговори со ЕУ.

По телефонскиот разговор со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, преку објава на Твитер, Вархеји ја поздрави одлуката на Баша
за вклучување на опозицијата во Политичкиот совет за изборни реформи.

Кичево, 28 мај 2020 (МИА) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска престојуваше во посета на касарната „Чеде Филипоски – Даме” во Кичево. Целта на беше да им се заблагодари на војниците за придонесот што го дадода во борбата за справување со пандемијата Ковид – 19.

На свеченоста во касарната беа наградени војниците кои најмногу се истакнале во овој период. Пред припадниците на армијата се обрати министерката Шекеринска која зборуваше за успесите и достигнувањата на нашата армија во периодот од две години.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close