Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски ги поканил претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево.

На денешниот брифинг со новинарите шефот на државата истакна дека според него она што досега се случувало во Крушево е повеќе разединување отколку обединување, следејќи ја целата досегашната пракса на прослава на националниот празник.  Поради тоа тој го менува досегашниот начин на прослава и најави дека дента нема да држи говор на Мечкин Камен, а наместо тоа вечерта во 18 часот ги поканил сите парламентарни партии и лидери да учествуваат на заедничка прослава.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Шефот на државата Стево Пендаровски во престојниот период не очекува некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада.

На брифинг со новинари денеска кај претседателот на државата беше посочено дека не е исклучена можноста во преговорите да има и трета страна за да се постигне некакво решение во однос на спорот меѓу двете земји.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Ги поканивме членките на ЕУ, соседи на земјите од Западен Балкан да ги отворат зелените коридори, како прв чекор за сите земји од регионот. Грција е таа која прва се јави и веќе на тоа работи администрацијата, информира денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

Според него, со ова Грција треба да ги охрабри и Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Италија, како земји соседи на Западен Балкан, да можеме да се отворат такви зелени коридори во регионот.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Шефот на државата Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати на престојните локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Потпис Пендаровски ставил на Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој вчера со 57 гласови „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“ беше усвоен во Собранието.

Предложените измени на Изборниот законик би го добиле потписот на шефот на државата само доколку во однос на прагот за независните кандидати се постигне поширок консензус меѓу партиите.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со вториот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Република Косово, Доника Грвала Шварц.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Џафери, беа разменети повеќе мислења и ставови чиј главен фокус се однесуваше на воспоставување и интензивирање на меѓусебните политички и економски односи меѓу двете земји.

Белград, 30 јули 2021 (МИА) – Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека во четвртокот во Скопје започна основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел, јави дописникот на МИА од Белград.

Лучиќ посочи дека со работа ќе започне за еден месец, најпрво со нудење услуги за сателитска телевизија, а до крајот на годината, како што изјави, ќе бидат пуштени во употреба услугите на мобилните телефонски услуги и оптичкиот интернет.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден. Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Откако нагласи дека е јасна паралелата на владеење меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев уште еднаш ја повика опозицијата да се вклучи во борбата против корупцијата и криминалот.

Скопје, 30 јули 2021 (МИА) – Ја користам оваа прилика да им честитам на сите вработени кои присуствуваа на оваа важна обука, која е многу неопходна за нивниот професионален развој, рече министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири,  кој денеска беше поканет на церемонијата на доделување на сертификати, за присуство на обука за превод и лекторирање од македонски на албански и од албански на македонски јазик, организирана од Агенцијата за примена на јазиците.

Како резултат на исполнувањето на обврската што произлегува од Законот за примена на јазиците, сите институции во земјата треба да креират нови организациони облици и работни места.

Белград, 30 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан“, е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје.

Тирана, 30 јули 2021 (МИА) – Со процесот на вакцинација против Ковид-19, кој под мотото „Албанија се насмевнува“ почна на 11 јануари во оваа земја, опфатени се 53,1 отсто од планираните 2,2 милиони граѓани.

– Со националната стратегија планирано е до средината на следната година да бидат вакцинирани 2,2 милиони граѓани. Досега вакцинирани се 1.168.308 лица од нив две дози примиле 512.625. Масовната вакцинација продолжува во вакциналнте пунктови, во здравствените установи, а непречено се одвива и имунизацијата преку мобилните екипи, инфомираше министерката за здравство Огерта Манастирлиу.

Белград, 30 јули 2021 (МИА) – Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан“, е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имаше многу позитивни и многу негативни реакции, но освен бесмислената политика на затворање и ксенофобија, не слушнав сериозни аргументи против тоа, изјави Вучиќ сумирајќи ги заклучоците по вчерашниот самит во Скопје.

Брисел, 30 јули 2021 (МИА) – Европската унија го казни Амазон со 886,6 милиони долари (746 милиони евра) за обработка на лични податоци, со што е прекршена Општата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци (ГДПР).

Луксембуршката национална комисија за заштита на податоци (ЦНПД) го осуди Амазон Европа со одлука на 16 јули, соопшти гигантот за е-продажба во поднесокот доставен до регулаторите.

Луксембург, 30 јули 2021 (МИА) – Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт како европратеник, објави весникот  „Ла Вангуардија“.

Во март годинава, Европскиот парламент им го укина пратеничкиот имунитет на поранешниот лидер на Каталонија и на уште двајца каталонски политичари, но на почетокот на јуни, потпретседателот на Судот на ЕУ ја суспендираше времено таквата одлука.

Сан Франциско, 30 јули 2021 (МИА) – Очевидец снимил група жени како бегаат од аптека во Сан Франциско со полни торби со наводно украдени производи.

Мажот кој го снимил настанот им изјави на новинарите дека четири жени извршиле кражба, а кога ги прашал вработените во аптеката дали ќе повикаат полиција, тие само кренале раменици.

Манчестер, 30 јули 2021 (МИА) – Манчестер сити има намера да го купи играчот за врска Џек Грилиш од Астон Вила.

Според „The ​​Telegraph“, клубот од Манчестер испратил трансферна понуда од 100 милиони фунти за играчот од средниот ред. Да се ​​купи Грилиш ова лето е една од главните цели на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Back to top button
Close
Close