МИА ФлешПакети

МИА Флеш

22 јули 2021

22 јули 2021

Скопје – Премиерот Зоран Заев утрово имал онлајн состанок во врска со подготовките за Економскот форум за регионална соработка, што го организираат со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Утрово имав продуктивен состанок посветен на подготовките за Економскиот форум за регионална соработка, кој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама го организираме во Скопје на 29 јули. Се поврзуваме уште повеќе за да го олесниме и подобриме животот на сите наши граѓани. Ова е нов Балкан, европски, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Скопје – Услугата помош и нега во домот ја доближуваме до старите лица во нивните домови. Таа е креирана согласно нивните потреби, индивидуализирана во смисла на поддршка во делот на одржување на личната хигиена, исхрана, купување на прехранбени продукти, обезбедување на лекови прошетки во домот и надвор од домот, она што претставуваат елементарните потреби на старите лица над 65 години, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на доделувањето  лиценца за вршење на дејност од социјална заштита односно за вршење на услугата помош и нега во домот на стари лица во општините Бутел и Чучер Сандево.

Ова, додаде министерката, претставува дел од имплементација на социјалната реформа, проект што МТСП го работи со поддршка на Светска банка за подобрување на социјалните услуги.

Скопје – Изложба  „Колаж на еден разурнат град“ в понеделник, во 20 часот, ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

Оваа iзложба е по повод одбележување  58 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Скопје – Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ поднесе писмо до Комитетот за светско наследство, поддржано од 18 македонски и 15 албански организации, со апел за впишување на Охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност.

Триесет и четири организации изразуваат загриженост за состојбата на Охридскиот регион, која, како што велат, не е последица на војна или природна катастрофа, туку најчестите причини за уништени вредности и прогласување на светски наследства во опасност се директен резултат на управувањето со наследството од страна на локалните и централните власти на двете држави.

Скопје – Целосно и порационално искористување на обработливите површини, нивно окрупнување и можност за поголеми вложувања. Ова се само некои од целите предвидени со Нацрт – законот за продажба на државното земјоделско земјиште кој денеска е ставен на јавна расправа.

Според предложениот текст, ќе се зајакне и финасиската состојба на идните сопственици кои изградиле објекти врз државното земјоделско земјиште. Тие ќе може да обезбедат допонителни средства преку кредитирање (заложување на таквите објекти пред финасиските институции).

Скопје – Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Од пријавените, осум предлог проекти се поднесени од високообразовни установи, од кои девет се во Скопје, а другите две е планирано да бидат лоцирани во други градови.

Скопје – Осумте основните училишта на територија на Општина Центар се подготвени за почетокот на новата учебна година. Ова, денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и раководителката на општинскиот Сектор за јавни дејности, Јагода Јанковска на одржаниот онлајн состанок ѝ го соопштија на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Од Општината Центар соопштија дека во изминатиот период, особено во време на пандемијата на Ковид-19, ги поддржува основните училишта во своите активности, со навремена набавка на квалитетен училишен материјал и училишни помагала.

Скопје – Сеавус Акцелераторот и Бизнис Импакт Лаб, со стратешките партнери УНДП и ФИТР официјално ја започнаа најголемата глобална програма Accelerate2030 во нашата земја.

Оваа година за прв пат седум македонските стартапи и претприемачи кои преку своето работење креираат импакт во заедницата, решавајќи важни социјални, еколошки или други предизвици поврзани со Целите на одржливиот развој на Обединетите нации, имаат можност да бидат дел од Accelerate2030.

Скопје – Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување на појавата и ширењето на африканската чума кај свињите.

Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како „засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија.

Скопје – Комисијата за спречување на корупција, на денешната 50 седница утврди дека во предметот „Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот). Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција.

Во однос на парцелите претседателката Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош, е утврдено дека имотите се купени уште од 2014 година.

Белград – Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија се влошува и дека веќе почнало полнење на болниците, како и зголемување на бројот на новозаболени, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бројот на оние кои се во болници е се уште мал во споредба со некој период порано, но тоа ќе се промени и ќе почне полнењето на болниците. Всушност, тоа веќе започна …не можеме да чекаме четирицифрени броеви со истите мерки што ги имаме сега, изјави Кон за РТС и најави дека на 1 август, кога се очекува седница на Кризниот штаб за борба против короната, ситуацијата ќе биде поинаква и најверојатно ќе бидат донесени нови мерки.

Подгорица – Црногорската Влада планира да ги ограничи цените на лебот, да дистрибуира масло за јадење за околу 25.000 домаќинства и да обезбеди социјални ваучери за помош на најсиромашните.

Владата, на предлог на Министерството за економски развој (МЕД), денеска треба да ги ограничи максималните малопродажни цени на лебот од бела пченица.

Никозија – Целта на Турција со најавите за отворање на дел од затворениот град Фамагуста е дополнително промовирање на плановите за финализирање на поделбата, соопшти портпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос по одржаниот Национален совет на Кипар свикан од претседателот Никос Анастасијадис, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на состанокот, Анастасијадис и шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис ги информирале лидерите на партиите за демаршите на земјата, а Пелеканос истакна дека „критичноста во моментов наметнува единство и едногласност во напорите за справување со новите методи на Турција за дихотомија“.

Софија – Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, консултациите со пратеничките групи, предвидени со бугарскиот Устав, Радев ќе ги оддржи утре во претседателската институција.

Виена – Првиот човек на австриското Министерство за внатрешни работи, Карл Нехамер, најави дека ќе испрати специјални полициски единици „Кобра“ на источната надворешна граница на ЕУ.

Со овој потег тој кажа дека сака да ја интензивира борбата против илегалната миграција, на надворешната граница на ЕУ во Литванија, и додаде дека во тек се разговори со неговиот литвански колега Агне Билотаита.

Будимпешта – До крајот на оваа или на почетокот на следната година во Унгарија треба да се организира владин референдум за законот со кој се ограничува наставата за прашањата на хомосексуалноста и трансродноста, изјави денеска шефот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан.

Орбан вчера го најави референдумот, со шти ја интензивира културната војна со Европската унија.

Париз – Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска закажа вонредна седница на Советот за одбрана поради истрага за случајот Пегаз.

Макрон вчера побара серија истраги за случајот со израелскиот шпионскиот софтвер Пегаз.

Антананариво – Обвинителството на Мадагаскар објави дека е спречен обид за атентат врз претседателот на Републиката, Андри Раоџелина, а уапсени се повеќе „странски и домашни“ лица.

Меѓу уапсените во островската земја крај источниот брег на Африка има и двајца француски државјани.

Дубаи – Два патнички авиона утрово се судрија на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи,  во инцидентот нема повредени луѓе.

Се судрија авион на нискобуџетната компанија ФлајДубаи (FlyDubai) и на компанијата Галф ер (Gulf Air) со седиште во Бахреин.

Дамаск – Сирија денеска го обвини Израел за уште еден напад од воздух, втор оваа недела, врз централниот дел од земјата.

Сириската државна новинска агенција САНА повикувајќи се на неименуван воен извор објави дека противвоздушната однрана утрово соборила поголем број ракети во регион Кусеир, во близина на градот Хомс.

Хјустон – „Упорност“, роверот на НАСА на Марс, се подготвува за првиот примерок од карпите на „Црвената Планета“. Пробата ќе биде земена од кратерот Језеро, поточно местото наречено „Груб фрактуриран под“. Се очекува пресвртната точка да се случи следниве две недели.

Роверот ќе бара и можни остатоци од микроби. Според научникот Кен Фарли, во кратерот, се претпоставува, некогаш имало езеро кое се полнело и празнело неколкупати, создавајќи потенцијални услови за живот. Анализа на примероците, можеби, ќе открие и траги од хемискиот или минералниот состав на карпите и ќе даде сознанија за тоа – дали карпите се формирани од вулкан или се од седиментно потекло?

Скопје – Македонската Еспорт репрезентација доби комплетен состав за учество на претстојното Светското првенство во Израел во четири дисциплини: CS:GO, Dota2, PES21 и Tekken7.

Шестата сезона од Прва Македонска Еспорт Лига се одржа во јуни и јули 2021 година. Државното првенство во еспорт, препознатливо под насловот „Скопје ОПЕН“, беше поддржано и помогнато од Град Скопје. Македонската Еспорт Федерација, во соработка со Еспортс.мк, го организираше националното еспорт првенство и квалификации за учество на Светското Првенство во еспорт, кое годинава ќе се одржи во Израел.

Токио – Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторите на Олимписките игри во Токио забранија фотографии на социјалните платформи на спортисти кои клечат за поддршка на кампањата „Црните животи се важни“.

Вчера британските и чилеанските фудбалери станаа првите спортисти во историјата на Олимпијадите кои клекнаа во борбата против расизмот и дискриминацијата.

Милано – Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.

Според „Фудбал Италија“, договорот е вреден 20 милиони евра годишно.

Скопје– Од УХМР најавуваат дека следува период на стабилно и топло време, освен во сабота кога во планинските предели ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од понеделник се очекува температурата да биде во натамошен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.

До крајот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Максималните температури ќе се движат до 32 степени.

 

 

 

 

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close