15 мај 2020

Атина, 15 мај 2020 (МИА) – Рекордно високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на професорот од Универзитетот на Крит и директор на Институтот за истражување и одрлжлив развој при Националната опсерваторија во Атина, Никос Михалопулос, кој за „ЕРТ“ рекол дека ако се потврдат предвидувањата за 40-41 степени Целзиусови, тогаш тоа ќе биде рекорд во последните 150 години.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Ребалансот на Буџетот за 2020 година што Владата го донесе вчера на седница е ребаланс за опоравување и рестар на економијата во услови на Ковид-19, оцени министерката за финансии Нина Ангеловска, која заедно со заменик-министерката за финансии Ширет Елези ги претставија измените и дополнувањата на прес-конференција.

– На краток рок, потребни се брзи акции. Потребно е да го фатиме моментот на опоравување и максимално да го искористиме – за да извадиме најдобри можни резултати, кои ќе ги амортизираат донекаде шоковите од здравствената криза, која не погоди во вториот квартал годинава. Мерките и активностите што ќе се преземаат ќе бидат катализатор, забрзувач на процесите во периодот на опоравување, кој треба да започне во третото тримесечје, а да се интензивира во четвртото тримесечје. Тоа е фокусот на овој ребаланс. Ребаланс за опоравување и рестарт на економијата во услови на Ковид-19, рече Ангеловска.

Прилеп, 15 мај 2020 (МИА) – Прилепскиот кризен штаб денеска ја разгледа ситуацијата со заразата од корона вирусот. Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, градот има три нови случаи на заразени, а двајца новоозравени.

-Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани три нови случаи на заразени со коронавирус и два оздравени. Во моментов на инфективното оддление во градската болница, се хоспитализирани 21 пациент, од нив позитивни се 16, а за пет се чека резултат. Триесет и шест граѓани се на домашно лекување. Вкупно, од почетокот на пандемијата,193 наши сограѓани се заразиле со коронавирусот, од нив 63 се активни случаи, а се оздравени 118 лица и има12 смртни случаи. Вкупната бројка на извршени тестови изнесува 906, изјави Јованоски.

Лондон, 15 мај 2020 (МИА) – Во Лондон бројот на новозаразени лица се спушти на 24 на ден, поради што експертите предвидуваат дека за две недели британскиот главен град би можел да биде без нови случаи на Ковид-19, објави „Сан“.

Истражување на Институтот за јавно здравје на Англија и Универзитетот во Кембриџ покажува дека стапката на репродукција на вирусот во главниот град се спушти на 0,4 од 2,8 колку што беше пред воведувањето на мерките за карантин. Британски „Телеграф“ пренесува дека бројот на новозаразените лица во градот е двојно помал на секои 3,5 дена.

Сепак, водечките експерти ја доведуваат во прашање точноста на овие податоци и предупредуваат дека тие може да не ја одразуваат вистинската состојба во однос на бројот на заразени лица во Лондон.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. Таа уредба, стои во мислењето на ДИК, треба да биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите.

Ова денеска за МИА го изјави членот на ДИК, Борис Кондарко, кој напомена дека мислењето веќе е доставено, на него потпис има ставено претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски, но сепак тој денеска дал изјава, која не соодветствува со она што претходно го потпишал.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Владата да ги преземе надлежностите на сите општини коишто се наоѓаат во Охридскиот регион кој е заштитен од УНЕСКО и да се справи со објектите коишто се бесправно изградени, побара денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска по седницата на ДКСК на која постапувале по предмети во врска со бесправно изградените објекти на Охридско-Струшкото крајбрежје.

Виена, 15 мај 2020 (МИА) – Точно една година по објавувањето на корупцискиот скандал „Ибица“, поради кој поранешниот шеф на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) и поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе мораше да поднесе оставка, тој најави дека го презема раководството на новата партија „Тим Штрахе Сојуз за Австрија“ со која ќе излезе на на изборите во Виена на крајот на октомври.

Белград, 15 мај 2020 (МИА) – Српската опозициска коалиција на партии и здруженија, Сојуз за Србија (СзС) соопшти дека за српската опозиција на 21 јуни нема да има никакви избори и најави дека нема да ги признае резултатите од гласањето ниту така формираната власт, јави допскникот на МИА од Белград.

-Сметаме дека неслободните избори се кршење на уставниот поредок и нема да ги признаеме нивните резултати. Нема да ја признаеме власта формирана врз основа на тие избори, се наведува во соопштението на СзС.

Back to top button
Close
Close