МИА ФлешПакети

МИА Флеш

11 март 2020

11 март 2020

Од самиот почеток на појава на инфекцијата со новиот коронавирус, кружат најневеројатните гласини. Но, ова не е прва пандемија проследена со апсурдни теории на заговор. Историскиот список е долг.

За почеток: Не, нема докази дека коронавирусот потекнува од американски или кинески воени лаборатории.

Исто така, Албанците не се, како што тврдат некои медиуми, генетски отпорни на коронавирусот. И колку и да тврди видовитата Алена во разни ТВ-емисии, бугарскиот премиер Бојко Борисов ја нема таа можност да го задржи коронавирусот подалеку од Бугарија.

Чикаго, 11 март 2020 (МИА) – Необичниот, „шарен“ и разнолик стил на поп-пејачката Лејди Гага ги поттикна научниците еден новооткриен вид инсекти да го именуваат по неа.

Се работи за бубачката kaikaia gaga, којашто беше откриена на тихоокеанскиот брег на Никарагва. Истражувачката мисија ја предводеле проф. Брендан Морис од Универзитеот на Илиноис и ентомологот Кристофер Дитрих од Природонаучниот центар за истражувања на оваа американска сојузна држава.

Вухан, 11 март 2020 (МИА) – Главните служби во Вухан, епицентарот на новиот коронавирус, повторно ќе почнат да работат, соопшти денеска Владата на централната кинеска провинција Хубеи.

Ова се однесува на клучните сектори, како што се јавниот превоз, производителите на медицинска опрема и основните продукти за живот.

Вашингтон, 11 март 2020 (МИА) – Администрацијата на САД одлучи да ја продолжи до 15 мај лиценцата која им дозволува на американски компании на кинескиот Хуавеј (Huawei) да му доставуваат производи кои не се закана за националната безбедност.

Ова се вели во офицјиално соопштение на американското Министерство за трговија, објавено во електронската база на федералниот регистар.

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.

Берлин, 11 март 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи на видео конференција со други европски лидери и членови на Европската комисија дека објаснила што прави нејзината земја за да спречи ширење на новиот коронавирус и како Владата финансиски ги поддржува компаниите особено погодени од епидемијата.

Таа ја истакна важноста на координираната борба на Европејците против епидемијата, како и напорите за развој на вакцина против коронавирусот.

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.

Министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања.

Подгорица, 11 март 2020 (МИА) – Во Подгорица денеска ќе се одржи состанок на стручни тимови на Владата на Црна Гора и Митрополијата црногоркско-приморска на Српската православна црква (СПЦ) за спорниот Закон за слобода на вероисповед.

Вицепремиерот Зоран Пажин рече дека дијалогот ќе се фокусира на членовите од Законот за слобода на вероисповед кои се однесуваат на имотно-правните прашања.

 

Back to top button
Close
Close