ХроникаХроника.Портал

МИА Билтен (ДПЛ)

Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарнат единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е запознаен јавен обвинител.

Скопје, 22 февруари 2020 (МИА)Вчера во 18:45 часот во СВР Скопје било приајвено дека настанал пожар во Клиниката за Инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ при што опожарени биле кабли и цевки во тоалет од една од собите. Пожарот е изгаснат од противпожарнат единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. За настанот е запознаен јавен обвинител.

На 21.02.2020 во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница„8-ми Септември“ бил донесен повреден 16 годишен малолетник од с.Сарај, скопско, по чие кажување околу 19:30 часот во близина на угостителски објект на ул.“2“ во с.Сарај бил физички нападнат од три непознати лица, при што едно од лицата со остар предмет му нанело убодна рана.Од лекар на малолетникот му се констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 12:00 часот во СВР Охрид било приајвено дека хотел во населба Коњско, Охрид бил пронајден починат З.М.(45) од Скопје кој работел на реновирање на објектот. Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 21.02.2020 во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари нексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.

Завчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение самоволно се оддалечила нивната штитеничка А.Е.(17) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 21.02.2020 во 12:30 часот во СВР Битола било приајевено дека Е.С.(24) од Битола заедно со нејзините малолетни деца на возраст од три и една година се пронајдени и вратени дома, кои на 16.02.2020 биле пријавени дека се одалечиле од домот.

На 21.02.2020 во 17:00 часот во СВР Скопје, Б.И.(56) од с.Брест, скопско пријавил дека околу 13:10 часот во близина на маркет на ул.Вењамин Мачуковски неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од Е.Н. и О.Н.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.02.2020 во 09:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен повреден С.С.(52) од Скопје ваработен во градежна фирма додека извршувал работни задачи на објект на ул.Беласица паднал во дупка длабока 1,5 м. Со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е запознаен трудов инспектор.

На 21.02.2020 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.Ф.(45) од с.Трубарево,скопско пријавил дека околу 15:00 часот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка М.З.(16) од с.Трубарево.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 22.02.2020 во 03:05 часот во СВР Скопје било приајевно дека во угостителски објект на ул. Димитрие Чуповски поради претходно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(19) и М.С.(19) од една страна и Х.А.(20) и Ф.Ј.(21) од друга страна сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл. 11 од ЗПП ЈРМ.

На 21.02.2020 во 23:45 часот во СВР Скопје, А.Т. пријавил дека во подземни гаражи на Трговски ценатар Антико на бул.Партизански Одреди настанал пожар при што бил опожарен смет. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 21.02.2020 во 16:10 часот во СВР Куманово, З.А. пријавил дека настанал пожар над војните магацини во атар на с.Проевце, кумановско при што била опожарена дива депонија. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Куамново.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

На 22.02.2020 во 04:15 часот во СВР Куманово било приајевено дека на бензинска пумпа на автопат Табановце дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.А.(37) и Д.А(39) и двајцата од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.02.2020 во 21:09 часот во СВР Штип, Т.С.(24) од Штип пријавил дека околу 21:00 часот во угостителски објект на ул.Кирил и Методи во Штип Б.С.(21) од Штип бил физички нападнат од Б.А.(25) од Р.Турција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.02.2020 во 04:20 часот во СВР Струмица, М.Т.(51) од с.Подареш пријавил дека околу 03:20 часот додека бил на своето работно место како обезбедување во казино во Струмица бил физички нападнат од непознато лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.02.2020 во 15:00 часот во СВР Тетово, М.А.(36) од с.Порој, тетовско пријавил дека на 20.02.2020 околу 10:30 часот во училиште во с.Порој неговиот син 14 годишен син бил физички нападнат од негов соученик од с.Џепчиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 21.02.2020 во 20:05 часот во СВР Тетово, А.Р.(22) од Тетово пријавила дека околу 19:30 часот во Тетово била физички нападната од С.Џ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фф/

Back to top button
Close
Close