0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитика

Мијалков се појави пред ЈО, тврди дека не избегал туку бил во изолација

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.

– Оној којшто ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го покгазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никкогаш. Се случи тоа еден ден во изолација вчерашени еве гледате непријатности, изјави Мијалков за ТВ 24 пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.са/скс/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close