0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаХроникаХроника.Портал

Мијалков го прими решението за куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметото „Таргет-Тврдина“ во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

Скопје, 23 февруари 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“, во попладневните часови се јави во обвинителството и притоа му е врачено решение за определена мерка куќен притвор.

– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, се наведува во соопштението од Обвинителството.са/скс/​

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close