Biznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

МФ: На крајот на 2020 година јавниот долг во рамки на Мастришкиот критериум

Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година, соопшти Министерството за финансии.

Скопје, 29 јануари 2021 (МИА) – Благо намалување на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал од 2020 година, соопшти Министерството за финансии.

Како што наведуваат во соопштението на крајот од 2020 година државниот долг изнесува 51 отсто, што е за 0,5 процентни поени пониско во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг изнесува 59,9 отсто и е за 0,8 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје.

Гледано во апсолутен износ, државниот долг е намален за 57 милиони евра во однос на претходниот квартал, додека јавниот долг е намален за 89 милиони евра во однос на третото тримесечје.

-Промената во состојбата се должи на отплатите направени во последниот квартал по основ на доспеаната еврообврзница од 2015 година, како и враќање на краткорочниот кредит кон комерцијалните банки земен на почетокот на минатата година, наведуваат од Министерството за финансии и додаваат дека реализацијата на јавниот и на државниот долг во четвртиот квартал е пониска и во однос на проекциите за крајот на годината и тоа кај државниот долг е за 0,2 процентни поени пониска од очекувањата, додека кај јавниот долг за 1 процентен поен помалку.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, како што стои во соопштението, најави дека на среден рок ќе се реализира постепена буџетска консолидација, која од една страна ќе влијае врз стабилизирање на долгот, додека од друга страна нема да влијае рестриктивно врз економскиот раст.

-Во таа насока планирано е буџетскиот дефицит, односно негативната разлика помеѓу приходите и расходите во буџетот постепено да се намалува. Така за годинава е проектиран речиси двојно понизок дефицит во однос на минатата година од -4,9 отсто од БДП, следната година проекцијата е  -3,8 отсто, во 2023 -3,2 отсто, во 2024 -2,9 отсто и во 2025 година -2 отсто, односно под Мастришкиот критериум од -3 отсто од БДП. Поради пандемиски предизвиканата економска криза, многу држави-членки на Европската Унија (ЕУ) го надминуваат овој критериум, што е сосема разбирливо, имајќи ја потребата од силна државна интервенција и фискален поттик за економиите, наведуваат од Министерството за финансии.скс/дма/

Back to top button
Close
Close