Општество

„Метаморфозис“: Приватноста не смее да биде луксуз кој се нуди само на оние кои можат да си го дозволат

Фондацијата „Метаморфозис“ се приклучи кон иницијативата на „Privacy International“ против експлатирачкото користење на претходно инсталиарните апликации на паметните телефони кои користат Android.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Фондацијата „Метаморфозис“ се приклучи кон иницијативата на „Privacy International“ против експлатирачкото користење на претходно инсталиарните апликации на паметните телефони кои користат Android.

„Privacy International“, со поддршка од повеќе од 50 организации од целиот свет, објави отворено писмо до Sundar Pichai, извршен директор на Alphabet Inc., мајка фирма на Google со кое бара од Google да преземе мерки против користењето на претходно инсталираните апликации на паметните телефони кои користат Android. Преку оваа иницијатива се испраќа предупредување, но и се повикува на акција од страна на производителите на паметни телефони кои го ставаат профитот пред приватноста на корисниците со тоа што инсталираат апликации на уредите со ниска пазарна цена.

– Барањето до Google е јасно, да се преиспитаат супстандардните поставки за приватност и сигурност кои се вградени во паметните телефони со ниска пазарна цена, а кои се однесуваат на претходно инсталираните апликации кои што корисниците немаат можност да ги избришат и кои што можат да ја компромитираат нивната приватност. Препораките се однесуваат на обезбедување на: можност за корисниците самите трајно да ги избришат претходно инсталираните апликации како и сите позадински активни сервиси; истите можности за контрола на сигурноста и приватноста на претходно инсталираните апликации како оние апликации кои се достапни на Google Play Store apps; исти можности за up-date, по можност преку користењето на механизмите за up-date на Google Play и без користење на кориснички профил. Дополнително, се препорачува Google да одбива да врши сертифицирање на паметните телефони чии што производители или продавачи се обидуваат да ја компромитираат приватноста на корисниците преку претходно инсталирани апликации, се посочува во соопштението од Фондацијата „Метаморфозис“.

Целосната содржина на писмото може да се најде на следниот линк https://action.privacyinternational.org/node/9.

Фондацијата „Метаморфозис“, преку програмата – Човекови права на интернет, како што стои во соопштението, се стреми да го заземе местото на водач на процесот за застапување на човековите права на интернет, помагајќи заедниците да се соочат со огромните промени кои произлегуваат од сѐ поголемото влијание на новите технологии. Метаморфозис се фокусира на заштитата на приватноста преку зајакнување на капацитетите на граѓаните, институциите и бизнис секторот функционирањето на дигиталното општество.фф/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close