0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Металург обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа

Металурзите се пласираа во групната фаза на второто по квалитет ракометно натпреварување во Европа благодарение на победата од два гола на првиот меч во Скопје.

Луцерн, 29 септември 2020 (МИА) – Ракометниот клуб Металург обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на Европа иако вечерва во вториот меѓусебен дуел загуби од швајцарски Криенс со 22-21 (12-11) во натпревар кој беше неизвесен од почетокот до крајот.

Металурзите се пласираа во групната фаза на второто по квалитет ракометно натпреварување во Европа благодарение на победата од два гола на првиот меч во Скопје.

Македонија во ова натпреварување ќе има два претставници, откако друштво на тимот од Автокоманда ќе му прави Еурофарм Пелистер.

Двата тима ќе ги дознаат противниците во групнаата фаза на први октомври.

Таг
Back to top button
Close
Close