0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Металург ги одложи дуелите со Чеховски Медведи поради коронавирус

Двете пресметки меѓу Металург и Чеховски Медведи, закажани за идната недела, се откажани поради нови позитивни случаи на коронавирус во редовите на македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа.

Скопје, 2 декември 2020 (МИА) – Двете пресметки меѓу Металург и Чеховски Медведи, закажани за идната недела, се откажани поради нови позитивни случаи на коронавирус во редовите на македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа.

– Во нашите редови се дијагностицирани двајца позитивни на коронавирус. Поради тоа на клубот му е наложено да оди во изолација, бидејќи е можно и други ракометари да развијат симптоми, соопшти вечерва Металург.

Ракометарите и стручниот штаб на скопскиот прволигаш ќе останат во изолација до 16 декември, поради што Металург нема да ги одигра средбите со Чеховски Медведи во Лига Европа на 8 и на 11 декември, а ќе бидат одложени и нивните натпревари во македонската Суперлига. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close