БалканБалкан.Портал

Мета: Тачи и Весели ќе ја докажат својата невиност

Претседателот на Албанија, Илир Мета денеска изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели ќе докажат дека се невини

Тирана, 24 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Албанија, Илир Мета денеска изјави дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели ќе докажат дека се невини.

– Веруваме во невиноста на претседателот Хашим Тачи и поранешниот претседател на Парламентот, Кадри Весели и сите нивни другари по оружје, напиша Мета на Фејсбук.

Тој додаде дека и претходно биле подигнати обвиненија против поранешните лидери на ОВК, но тие ја докажале нивната невиност и оти тој верува дека и сега тоа ќе се случи.

Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг денеска подигна обвинение против Тачи, Весели и други лица, кои се товарат за низа злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително убиства, прогони и тортура. ми/

 

Таг
Back to top button
Close
Close