Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мета: Не во Венеција, туку во НАТО нека бараат толкување, јас на функцијата останувам до 24 јули 2022 година

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за Еуроњуз Албанија, рече дека ќе продолжи да биде претседател на државата сè до завршување на неговиот мандат на 24 јули 2022 година.

Тирана, 13 февруари 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за Еуроњуз Албанија, рече дека ќе продолжи да биде претседател на државата сè до завршување на неговиот мандат на 24 јули 2022 година.

Ова во врска со иницијативата во парламентот за негово разрешување и барањето мислење од Венецијанската комисија околу неговата уредба за одложување на локалните избори на 30 јуни 2019 година, со која според владејачкото мнозинство го прекршил Уставот.

-Не во Венеција, туку во НАТО нека бараат толкување и мислење. Оваа работа е завршена. Јас ќе бидам на функцијата до 24 јули 2022 година, изјави Мета.

Додава дека не бил гласан од ова Собрание, за што е многу среќен.

-Не сум гласан од ова Собрание и многу сум среќен за тоа. Ситуацијата во парламентот не е нормална, а тоа е одговорност на двете страни. И мнозинството кое го ограничи просторот на опозицијата, но и опозицијата што избра да ги делегитимизира институциите, оценува Мета.

Порача дека се заколнал пред албанските граѓани дека ќе го заштитува Уставот и оти ќе се соочи со секој кој ќе го прекрши.

-Ќе се соочам со секој што ќе го допре Уставот. Во тоа се сигурни сите, како во мнозинството, така и во опозицијата, рече претседателот Илир Мета.

Обвини дека законодавниот дом прави нелегитимни активности откако пратениците на главната опозиција се откажале од мандатите и оти најдобро би било да се самораспушти.вт/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close