БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Мета: Народот јасно кажа, црно – црвениот ураган е во одбрана на Уставот

Албанскиот претседател, Илир Мета, по синоќешниот протест, во објава на Фејсбук напиша дека албанскиот народ јасно кажал дека „црно - црвениот ураган е во одбрана на Уставот“.

Тирана, 3 март 2020 (МИА) – Албанскиот претседател, Илир Мета, по синоќешниот протест, во објава на Фејсбук напиша дека албанскиот народ јасно кажал дека „црно – црвениот ураган е во одбрана на Уставот“.

„Албанија е наша! Бог да ја благослови нашата драга татковина“, пишува Мета и им се заблагодарува на сите граѓани во Албанија и надвор од неа кои одговориле на неговиот повик и го преполниле плоштадот.

Речиси два часа илјадници граѓани го исполнија плоштадот „Народни херои“ на мирен протест што го свика претседателот Илир Мета за одбрана на Уставот.

Поздравен со громогласни извици Мета потпиша уредба со која во парлементот на повторно разгледување го враќа законот за именување и давање заклетва на уставните судии, што до скоро беше надлежност на Претседателот.

Тој пред албанското национално знаме се заколна дека доколку нема реакција на мнозинството околу уредбата потпишана синоќа пред народот, тогаш на 15 март ќе потпише уредба во собраниската зграда за распуштање на парламентот.

По протестот премиерот Еди Рама порача дека Парлементот нема да ја признае уредбата за распуштање на законодавниот дом.

-Претседателот на Републиката не може да потпише вакви уредби, додека Илир, кој веќе нема ништо со функцијата претседател, денеска почна кампања во рамките на опозицијата, па може да потпише уредба и за објавување војна на САД, но парламентот нема да го признае тоа, иронизираше Рама.

Околу протестот и кажаното Рама смета дека не е ништо ново,дека за него тоа е нешто очекувано и не го изненадува.в/сд/

Back to top button
Close
Close