БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мета му порача на владејачкото мнозинство, доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти Парламентот

Албанскиот претседател Илир Мета, упати остро предупредување до владејачкото мнозинство кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, порачувајќи им дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти парламентот“.

Тирана, 18 септември 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета, упати остро предупредување до владејачкото мнозинство кое најави нов закон за шефот на државата со повеќе ограничувања, порачувајќи им дека „доколку се обидат да го разрешат, ќе го распушти парламентот“.

– Мнозинството се обиде со Претседателот, изгуби 3:0 и покрај потрошените милијарди. Ова е претседател на народот од 2 март. Не е од Социјалистичкото движење за интеграција (чиј лидер беше Мета пред изборот за шеф на државата) и од опозицијата, туку од народот, од кој има се поголема поддршка. Повторно бараат разрешување, пред 25 април (за кога се закажани парламентарните избори). Тука сум нека се обидат, па ќе видат кој прв ќе биде разрешен, порача Мета алудирајќи на распуштање на парламентот што е негово уставно право.

Според него не постои неуставен закон од еден парламент како актуелниот што го ограничува претседателот да ја исполни својата мисија.

– Она што го прави мнозинството е негов сопствен избор. Претседателот знае само да го почитува Уставот и се приспособува и ќе се приспособи на секоја ситуација во одбрана на Уставот. Суштината е слободни избори и политички плурализам. Никој ментално болен или опседнат со незаслужена и украдена власт не треба да мисли дека претседателот може да биде заплашен во исполнувањето на својата мисија, рече Мета на неговата прва средба со новинарите по подолг период.

Тој се задржа и на прашањето за Уставниот суд, кој во земјата не функционира речиси три години, оценувајќи дека оние кои доцнат во овој процес, ќе сносат одговорност. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close