БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мета: Исполнувањето на деветте услови на Будестагот најбрзиот пат до преговори

Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, виско ја оценил неговата ангажираност за напредокот на Албанија и сите земји од Западен Балкан кон ЕУ.

Тирана, 16 јануари 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, виско ја оценил неговата ангажираност за напредокот на Албанија и сите земји од Западен Балкан кон ЕУ.

Исто така, Мета изразил благодарност до ЕК и земјите-членки за организирање на меѓународната донаторска конференција, закажана за 17 февруари во Брисел и за доделувањето на 15 милиони евра помош по катастрофалниот земјотрес што лани во ноември ја погоди Албанија.

– Евроинтеграцијата останува најважниот стратешки проект за Албанија, а исполнувањето на деветте услови на Бундестагот што е можно поскоро, е најбрзиот начин за отворање и унапредување на преговорите за пристапување во ЕУ, оценил Мета, соопштуваат од неговиот кабинет.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој денеска престојува во прва посета на Албанија откако стапи на должност, по средбата со премиерот Еди Рама, на заедничката прес-конфернција рече дека се надева преговорите да почнат пред Самитот во Загреб.

– Ние продолжуваме да ја сметаме Албанија како земја што е подготвена да започне преговори. Фактот дека преговорите не започнаа во октомври, се однесуваше на загриженоста на некои држави. Ние ќе работиме се додека не ја постигнеме целта за започнување преговори. Работиме на отворање преговори пред Самитот во Загреб, рече еврокомесарот.

Тој додаде дека ценејќи ја работата од страна на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.

Заедно со премерот Рама, еврокомесарот го посети и Драч, каде одблиску се запозна со состојбата по земјотресот, велејќи дека „ЕУ секогаш ќе биде покрај Албанците“. вт/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close