БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мета ги покани Рама и Баша да го одредат датумот за избори

Албанскиот претседател Илир Мета ги почнува консултациите со политичките партии околу одредувањето датум за парламентарните избори што треба да се одржат во јуни до година.

Тирана, 1 септември 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета ги почнува консултациите со политичките партии околу одредувањето датум за парламентарните избори што треба да се одржат во јуни до година.

Во писмото упатено до координаторот на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија, Таулант Бала, Мета го поканува лидерот на партијата, Еди Рама или други партиски личности овластени од него, на средба в петок, 4 септември во 11:00 часот во претседателската резиденција.

Истиот ден во 12:00 часот планирана е средба со Љуљзим Баша лидер на најголемата опозициска сила, Демократската партија.

„Во согласност со неговите уставни надлежности, по стапувањето во сила на уставните измени во изборниот законик, но и во рамки на веќе воспоставената добра традиција, Претседателот одлучи да почне со консултации со политичките партии, со цел одредување датум за идните парламентарни избори, стои во писмото потпишано од директорот на претседателскиот кабинет кое завршува со зборовите „Со верба и благодарност за овој важен процес“.

Во меѓувреме партиите веќе ги почнаа активностите околу одредувањето кандидати кои ќе се најдат на изборните листи за пратеници, преку предлагање во базата, по што ќе следува избор во највисоките партиски органи.

Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама. вт/

Таг
Back to top button
Close
Close