0_Web_АктуелноMakedonija.SlajderДописници МКДДописници СветОпштински вести

Мета: Да научиме од соседите за да се вратиме на вистинскиот пат

Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада и упати силна порака до политичарите во неговата земја дека треба да се огледаат на соседот и да се вратат на вистинскиот пат.

Тирана, 19 август 2020 (МИА) – Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада и упати силна порака до политичарите во неговата земја дека треба да се огледаат на соседот и да се вратат на вистинскиот пат.

-По демократските и конкурентни избори, нашиот сосед движи со заслужени сигурни чекори кон започнување преговори со Европската Унија. Треба да научиме од нив и да се вратиме на вистинскиот пат што е можно поскоро, започнувајќи со почитување на Договорот од петти јуни(за изборните реформи) и исполнување на сите други услови,напиша Мета на Фејсбук, постирајќи ги албанското и македонското знаме.

Додава дека постигнатиот договор е уште еден позитивен чекор во зајакнувањето на демократските институции и напредок на реформите во македонската држава.

Мета исто така оценува дека зголемувањето на застапеноста на албанскиот фактор во владата, вклучително и можноста за албански премиер во иднина, е потврда за европеизација и витализирање за зајакнување на соживотот.

Претходно постигнатиот договор за формирање Влада во Северна Македонија го поздравија и премиерот Еди Рама, министерот за Европа и надворешни работи Гент Цакај, како и градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.вт/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close