0_Спорт.ПорталФудбал

Местото на Солскјер во Манчестер засега не е загрозено

Оле Гунар Солскјер и во наредниот период ќе продолжи како главен тренер на Манчестер јунајтед. Според „Sky Sports“, управата на клубот го поддржува норвешкиот фудбалски стручњак и го гледа во контекст на долгорочна соработка.

Манчестер, 5 ноември 2020 (МИА) – Оле Гунар Солскјер и во наредниот период ќе продолжи како главен тренер на Манчестер јунајтед. Според „Sky Sports“, управата на клубот го поддржува норвешкиот фудбалски стручњак и го гледа во контекст на долгорочна соработка.

Во исто време, двете страни разбираат дека резултатите и играта на тимот мора да се подобрат.

Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед побарал средба со претставниците на поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Манчестер јунајтед се наоѓа во голема резултатска криза. Во Премиер лигата, од можни 18 има освоено само седум бода и се наоѓа на 15.место. Во Лигата на шампионите вчеравечер тимот предводен од Солскјер загуби од Башекшехир во Истанбул во меч од 3. коло. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close