0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Меси запознаен со понудата на Барселона

Утрово, Меси-сениор имаше втор разговор со шефот Пеп Марија Бартомеу, откако тој од вчера не даде резултати.

Барселона, 3 септември 2020 (МИА) – Попладнево, Хорхе Меси го посети домот на неговиот син Лионел Меси во Барселона за да го информира за развојот на преговорите со управата на клубот, објави „ЕСПН“.

Тој помина еден час со Лео, и според „Гол“ го советувал да ја прифати понудата да остане во клубот уште една сезона.

Утрово, Меси-сениор имаше втор разговор со шефот Пеп Марија Бартомеу, откако тој од вчера не даде резултати.

Според последните информации, Барса предлага капитенот да остане во клубот до крајот на Светското првенство во 2022 година.Сепак, се чини дека ова е долг период за Меси, кој на крајот ќе остане таму само до следното лето.

Таг
Back to top button
Close
Close