0_Спорт.ПорталФудбал

Меси погрешно ги толкувал зборовите на Абидал

Извори блиски до спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, тврдат дека напаѓачот Лионел Меси погрешно ги толкувал неговите зборови. Поранешниот дефанзивец на Каталонците изјави дека не сите фудбалери биле задоволни од поранешниот тренер Ернесто Валверде, поради што не се залагале максимално.

Барселона, 5 февруари 2020 (МИА) – Извори блиски до спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, тврдат дека напаѓачот Лионел Меси погрешно ги толкувал неговите зборови. Поранешниот дефанзивец на Каталонците изјави дека не сите фудбалери биле задоволни од поранешниот тренер Ернесто Валверде, поради што не се залагале максимално.

На ова, Меси го повика Абидал да ги именува играчите на кои има замерки.

– Ако кажете такви работи за играчите, тогаш треба да наведете конкретни имиња. Затоа што ако не го сторите тоа, тогаш се однесува на сите нас, нешто што не е точно. Секој треба да си носи одговорност за своите задачи и одлуки. Играчите се одговорни за она што се случува на теренот и кога нешто тргне наопаку, ние сме први кои го признавме тоа, изјави Меси.

Раководството на Барселона, пред дваесетина го разреши Ернесто Валверде од тренерската позиција и на негово место го постави Кике Сетиен. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close