0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Меси никогаш не дал гол во јули

Аргентинецот се запишал во листата на стрелците во секој друг месец во годината. Вечерва Каталонците се домаќини на Осасуна на дуел од претпоследното коло на Ла Лига. Досега Лео пропушти да реализира трипати во јули годинава - во натпреварите против Виљареал, Еспањол и Ваљадолид.

Барселона, 16 јули 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси има можност за прв пат да постигне гол во јули, забележува „Диарио Спорт“.

Аргентинецот се запишал во листата на стрелците во секој друг месец во годината. Вечерва Каталонците се домаќини на Осасуна на дуел од претпоследното коло на Ла Лига. Досега Лео пропушти да реализира трипати во јули годинава – во натпреварите против Виљареал, Еспањол и Ваљадолид.

Најомилен месец на Ла Пулга е јануари. Тој има 87 голови во првиот месец од годината. Интересно е што Лео има 86 голови во најмалиот месец во годината – февруари. Истото важи и во март, кога беа постигнати голови на најмал број на натпревари – 86 гола на 72 натпревари.

Вечерва Меси може да го постигне својот гол број 701 во професионалната кариера.

Таг
Back to top button
Close
Close