0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Меси нема да биде казнет од Барса

На „Камп ноу“ се во исчекување на судбоносниот состанок помеѓу претседателот Пеп Бартомеу и таткото на Лео, Хорхе Меси.

Барселона, 1 септември 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да биде казнет за отсуство од тренинг. Ова го тврди популарната шпанска програма „Југонес“ на телевизијата „Ел Чирингито“.

На „Камп ноу“ се во исчекување на судбоносниот состанок помеѓу претседателот Пеп Бартомеу и таткото на Лео, Хорхе Меси.

Во меѓувреме, камерите на „Југонес“ го фатија Луис Суарез како се упатува кон домот на Лионел Меси. Според медиумите, Уругваецот и Аргентинецот синоќа вечерале заедно и разговарале за својата професионална иднина.

Таг
Back to top button
Close
Close