0_Спорт.ПорталФудбал

Меси најзаслужен за триумфот на Барселона на гостувањето кај Бетис

Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци синоќа во победата со 3:2 на Барселона на гостински терен кај Бетис, но Аргентинецот асистираше при сите три гола на Каталонците.

Севиља, 10 февруари 2020 (МИА) – Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци синоќа во победата со 3:2 на Барселона на гостински терен кај Бетис, но Аргентинецот асистираше при сите три гола на Каталонците.

Меси има шест асистенции на последните четири натпревари. Тој претходно имаше едно додавање по кое е постигнат гол во Купот на Шпанија со Леганес и две во Шпанското првенство со Леванте.

На вкупно 18 натпревари на Ла Лига, Меси има 25 (14 голови + 11 асистенции) поени.

Барселона по 23 кола е втора на табелата со 49 бода, три помалку од лидерот Реал Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close