0_Спорт.ПорталФудбал

Меси го сруши рекордот на Чави за асистенции во една сезона

Капитенот на Барселона, Лионел Меси постави рекорд во шпанската Ла Лига по број на асистенции по сезона. Во последното, 38. коло, Барса го совлада Алавес на гости со 5:0. Меси на денешниот дуел постигна два гола и му асистираше на Ансу Фати.

Виторија-Гастиз, 19 јули 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси постави рекорд во шпанската Ла Лига по број на асистенции по сезона. Во последното, 38. коло, Барса го совлада Алавес на гости со 5:0. Меси на денешниот дуел постигна два гола и му асистираше на Ансу Фати.

Аргентинецот стигна до 21 асистенција поминувајќи го поранешниот соиграч Чави, кој  во сезоната 2008/09 година забележа 20 асистенции.

Вреди да се одбележи дека Меси најверојатно ќе победи во трката за стрелци. Тој има 25 погодоци, а неговиот најблизок прогонувач, Карим Бензема од Реал Мадрид, има 21 погодок и еден натпревар помалку. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close