0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Меси го надмина Роналдо во Шпанија по уште еден показател

Со овој „хет трик“, Аргентинецот веќе постигна три или повеќе голови 35 пати, за еден повеќе од Кристијано Роналдо, кој веќе е во Јувентус.

Барселона, 8 декември 2019 (МИА) – Sвездата на Барселона, Лионел Меси сега е единствен лидер во пласманот во Ла Лига, откако во синоќешната победа од 5-2 над Мајорка постигна три гола.

Со овој „хет трик“, Аргентинецот веќе постигна три или повеќе голови 35 пати, за еден повеќе од Кристијано Роналдо, кој веќе е во Јувентус.

Португалецот забележа три или повеќе голови во своите девет сезони во Мадрид, откако има пет против Севиља, а никој друг не може да се пофали со вакво индивидуално достигнување.

Меси постигна 35 „хет-трика“ на 462 меча, додека на Роналдо му требаа 288, за да реализира 34.

Таг
Back to top button
Close
Close