0_Спорт.ПорталФудбал

Меси до Валверде: Ќе успееш, каде и да одиш

Тренерот замина по две шпански титули и како лидер во тековниот шампионат.

Барселона, 14 јанаури 2020 (МИА) – Неспорниот број 1 на Барселона, Лионел Меси се обрати кон Ернесто Валверде, кој вчера се раздели со клубот.

Тренерот замина по две шпански титули и како лидер во тековниот шампионат.

„Ти благодарам за сè, господине. Каде и да одиш, сигурно ќе се справиш добро, затоа што не само што си исклучителен професионалец, туку и си одличен како личност. Ти посакувам успех“, пишува Меси.

Таг
Back to top button
Close
Close