0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Меси: Бевме слаб тим кој лесно прима голови

Според него, Реал Мадрид ја заврши својата работа, откако не загубија ниту еден бод по паузата.

Барселона, 17 јули 2020 (МИА) – Капитенот на Барселона, Лионел Меси остро го критикуваше тимот по загубата на титулата во Ла Лига.

– Не очекувавме, не сакавме да ја завршиме сезоната така, но мечот против Осасуна во голема мерка покажува како бевме во текот на сезоната. Бевме непостојани, бевме слаб тим, кого го победуваат со интензитет, кој лесно примаголови. Изгубивме многу поени каде не требаше да ги имаме, изјави остро Лав по поразот од Осасуна.

Според него, Реал Мадрид ја заврши својата работа, откако не загубија ниту еден бод по паузата.

– Загубивме многу поени каде не требаше. Треба да бидеме критични кон себеси како играчи, но и генерално. Ние сме Барселона и треба да победуваме на секој натпревар, луто сподели Лео.

Тој смета дека ако продолжат да играат така, не може да ја освојат Лигата на шампионите.

– Беше јасно дека дури и Ла Лига не може да се освои. Ни треба воздух и да размислуваме за ЛШ. Ако играме така, ќе загубиме против Наполи, додаде Меси.

Таг
Back to top button
Close
Close