0_Спорт.ПорталФудбал

Мертенс се повреди на мечот со Интер

Белгискиот репрезентативец и член на Наполи, Дрис Мертенс се повредил на натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат против Интер (0:1) одигран вчеравечер во Милано.

Милано, 17 декември 2020 (МИА) – Белгискиот репрезентативец и член на Наполи, Дрис Мертенс се повредил на натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат против Интер (0:1) одигран вчеравечер во Милано.

-Дрис доби повреда на скочниот зглоб. По целосното испитување, ќе дознаеме колку е сериозна штетата, соопшти тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо.

Мертенс беше заменет во 16. минута од средбата.

Во сезоната 2020/21, 33-годишниот Белгиец има постигнато пет голови и седум асистенции на 17 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close