0_Спорт.ПорталФудбал

Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи за две години

Дрис Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи. Како што пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на ТВ „Луна“, Белгиецот продолжува да преговара со клубот и може да потпише нов договор на две години.

Неапол, 16 мај 2020 (МИА) – Дрис Мертенс може да го продолжи договорот со Наполи. Како што пренесува „Фудбал Италија“ повикувајќи се на ТВ „Луна“, Белгиецот продолжува да преговара со клубот и може да потпише нов договор на две години.

Главната пречка за договорот е големиот бонус за потпишување на кој смета 33-годишниот играч.

Претходно беше објавено дека Интер, Челси, ПСЖ и Борусија покажуваат интерес за Мертенс.

Оваа сезона, белгискиот фудбалер постигна шест гола на 21 натпревар во Серија А. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close