ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел се сретна со Тунберг и други млади активисти

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со млади активисти, меѓу кои и шведската активистка за животна средина Грета Тунберг, кои од неа побараа посилна акција против климатските промени.

Берлин, 20 август 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се сретна со млади активисти, меѓу кои и шведската активистка за животна средина Грета Тунберг, кои од неа побараа посилна акција против климатските промени.

Покрај Тунберг, на состанокот присуствуваа и Луиза Ноубауер од Германија и Ануна де Вевер ван дер Хејден и Аделаид Шарлиер од Белгија.

Средбата траеше околу 90 минути и тоа е прва средба од ваков вид што се одржи од почетокот на епидемијата на коронавирус.

– Тука сме бидејќи ни е украдена иднината, изјави Тунберг по средбата, организирана по барање на активистите, бидејќи Германија, која претседава со ЕУ, и Велика Британија заедно произведуваат 22 отсто од сите стакленички гасови. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close