ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел: Премногу рано за Германија да ги укине ограничувањата

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е премногу рано за Германија да ги укине ограничувањата за движење на луѓето, и покрај првичните знаци дека забавува ширењето на коронавирусот.

Берлин, 3 април 2020 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е премногу рано за Германија да ги укине ограничувањата за движење на луѓето, и покрај првичните знаци дека забавува ширењето на коронавирусот.

„Владата и јас лично размислуваме како можеме да постигнеме две работи во исто време: да обезбедиме здравствена заштита и да го почнеме процесот на постепено враќање на јавниот живот“, рече Меркел во видео порака.

Таа додаде дека совладување на пандемијата е „Херкуловска задача“.

Канцеларката ги повика граѓаните да останат дома за Велигден.

„Сите ние ќе имаме сосема поинаков Велигден од кога било досега“, рече таа. зш/

Back to top button
Close
Close